Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата
Објавено во: Македонија 26 Април, 2021
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја преживеа интерпелацијата.
На седницата „за“ гласаа 11 пратеници, 60 беа „против“, а пратениците на ВМРО - ДПМНЕ не гласаа.
Вкупно гласаа 71 пратеник.
Пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива ја поднесоа интерпелацијата.
Одговорност од Спасовски за бегството на екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, но и за случаите со издавањето македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви побараа пратениците од опозициските партии на Албанците. Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека интерпелацијата е беспредметна, и дека МВР под раководство на Спасовски добро ја извршува фунцијата
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.