Оливер Вугрек: Вирусот не слабее, сè друго е предизборен спин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 25 Јуни, 2020
Вирусот не слабее, сè друго е предизборен спин. Ова го тврди, хрватскиот доктор Оливер Вугрек, молекуларен биолог во Институтот „Руѓер Бошковиќ“.
Тој го предводеше тимот кој прв направи прва детална анализа на геномот на вирусот SARS-CoV-2 во Хрватска.
Лекарот објаснува дека изјавите за слабеење на вирусот во земјата во моментов не се научни и, како што вели тој, смислени се за целите на предизборната кампања.
Во земјата парламентарни избори треба да се одржат следниот месец, поточно на 5 јули.
„За да можеме да одговориме дали вирусот е ослабен, потребно е да се анализира геномот на вирусот на заразени лица, и тоа асимптоматски, што не е направено ниту во Хрватска, ниту во Србија. Затоа сметам дека немаме доволно докази кои се темелат на научно издржани факти“, вели Вугрек за „Јутарњи лист“.
Расте бројот на заразени во Хрватска.За еден ден имаат нови 95 заболени од Ковид -19.
За македонските граѓани Хрватите воведоа 14 дневен карантин.
Во Европа расте бројот на заразени, поради што Светската здравствена организација е загрижена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.