Олси Рама демантира било каква поврзаност со синоќешниот инцидент
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2014 16:47
Главниот осомничен од страна на српските медиуми Олси Рама по пристигањето во Тирана демантираше дека е поврзан со синоќешниот инцидент и леталото над стадионот Партизан за време на натпреварот меѓу Србија и Албанија.
- Немам ништо со леталото...не разбирам од каде е таа приказна, изјави Олси Рама по доаѓањето во Тирана.Откако српски медиуми објавија дека братот на албанскиот премиер бил приведен по инцидент тој изјави дека сето тоа се шпекулации на српските медиуми.
- Не сум ниту апсен ниту приведен. Кога се случи инцидентот ситуацијата стана хаотична и полицијата сите ги претресуваше. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути, тврди Рама кој во Тирана пристигна со делегација на албанската репрезентација.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




