19 Април, 2024
0.0292

ОМИКРОН ЦЕЛОСНО ЈА СМЕНИ КОРОНАТА КАКО БОЛЕСТ: Варијантата не создава тромбоген ефект-проф. Јанковиќ

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Сосема е очигледно дека клиничките слики предизвикани од сојот омикрон се далеку поблаги од оние предизвикани од видот делта. Она што го гледаме е дека омикрон дава сосема поинаква природа на болеста, односно вирусот не ги погодува белите дробови толку силно како што тоа го правеа претходните соеви.

Ова го вели проф. д-р Радмило Јанковиќ, анестезиолог, заменик директор на Универзитетскиот клинички центар Ниш и директор на Клиниката за анестезија и интензивно лекување при УКЦ Ниш. Како што посочува, новата варијанта-омикрон целосно ја промени короната како болест.

- Доколку толку масовен број на заразени го предизвикаеДелта, сите земји во светот ќе имаа целосен здравствен колапс. Сојот делта беше најпатоген и предизвика најтешки клинички слики, а покрај тоа беше многу повирулентен од оригиналните соеви-вуханскиот, а потоа и алфа. Кога станува збор за сојот омикрон, наодите на пациентот укажуваат на сосема поинаква природа на болеста кови- 19. Во разговорите со колегите анестезиолози, инфектолози и пулмолози, имам можност да слушнам дека омикрон дава сосема нова болест. За разлика од претходните случаи кога ковидот во раните фази на болеста даваше многу посилни симптоми, инвазивноста на вирусот сега е главно насочена кон горниот респираторен тракт, носот, носните шуплини, ждрелото, синусите и се чини дека вирусот останува таму - вели проф. д-р Јанковиќ.

Тој додава дека скенирањата на белите дробови на пациентите заразени со омикрон покажуваат дека вирусот не ги погодува белите дробови толку силно како претходните соеви и дека нема силен воспалителен одговор како што беше случај со делта.

- Дефинитивно утврдивме и ние лекарите и оние кои се занимават со наука дека Ковид 19 е системско заболување. Откриена е речиси целосна генеза на КОВИД, а најголем проблем е имуномодулаторното дејство на тромбогенезата, односно зголемената тенденција за формирање на згрутоци. За споредба, јачината на тоа згрутчување е многу посилна отколку кај луѓето кои, на пример, имаат сепса или кои се здрави во споредба со оние кои се заразиле со Ковид. Овој тромб многу тешко се раствора по природен пат и сето тоа доведува до склоност кон тромбоза, која беше главната причина за смрт и тешки форми на болеста. Во моментов, постои впечаток дека сите овие сложени патолошки механизми кои доведоа до тешки форми на болеста, моментално не се забележани кај заразените со омикрон. Доколку не се појават подоцна и ако во наредните денови и недели го немаме тој тромбоген ефект кај пациентите со омикрон, тогаш можеме да зборуваме за фактот дека омикронот доведе до сосема нова форма на ковид и дека тоа веќе не е истата болест - вели проф. д-р Јанковиќ.


Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати