Добивај вести на Viber
За редовните активности на светската организација во периодот 2014-2015 година, Генералното собрание на ОН одобри буџет од 5,53 милијарди долари, намалувајќи ја за еден процент вкупната сума во споредба со претходниот двегодишен период.
Одобрениот буџет не вклучува средства за мировните операции кои функционираат од специјален буџет и средства за водечките агенции на ОН кои се финансираат од доброволни донации на земјите членки.
Новиот буџет предвидува намалување на вработените за два проценти или околу 221 работни места.