20 Декември, 2025
0.0485

On-line купување или “Пари на рака- Мара за рака”

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2013 08:23

Добивај вести на Viber

On-line трговијата е не( позната) за македонските граѓани!

Брзиот технолошкиот развој сеуште се движи  со пионерски чекори во Македонија. Барем, кога се работи за on-line трговијата. Иако пристапот до интернет секојдневно расте, сеуште е мал бројот на граѓани кои купуваат по електронски пат. Помладите генерации, велат упатените во овој бизнис, полесно се впуштаат во интернет авантурата-пазарење на невидено, но повозрасните остануваат скептици. Си го практикуваат добро познатиот и испитан модел-плати –добиј!

“Јас сакам чиста сметка, да видам што купувам.  Гледам децата дома седат цел ден пред компјутер. Ќерката со другарки,  рече, преку интернет уплатила за Бањско. Прв пат така плаќа аранжман, за викенд. Па ќе видиме. Јас не сум баш сигурна.  на тој начин да ризикува,  иако работам со компјутери и службено, ама си верувам на старите навики, да си платам и трошам колку имам”- вели Слободанка Маневска од Скопје.

Дека сеуште е-трговијата кај нас оди со скромни чекори напред, потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика . Во последните три месеци, само 5,4отсто од граѓаните направиле порачки преку интернет. Најголемиот дел од нив се однесуваат на прехрамбени производи (31%), облека и спортска опрема (29,3%), медицински производи и лекови (12,3%). Во делот на културата, граѓаните купувале преку интернет филмови и музика (14,3%), билети за културни манифестации (кино, театар, опера) 7,2%, а во доменот на туристичко-угостителскиот сектор, граѓаните интернет услугите ги користеле само со 5,2%.  Поразителни се податоците и од минатата година кога само 4,3 отсто од корисниците со пристап до интернет,  купиле производ или платиле за одредена услуга. Во 2011 година вакви услуги преку интернет користеле само 4,1отсто од граѓаните.

Светла иднина за on-line продажбата?!

Дел од креаторите на специјализираните веб страни за групна продажба кои нудат атрактивни и промотивни цени на производите и аранжманите, пак велат дека на е-трговијата и претстои светла иднина. Граѓаните, според нив,  полека но сигурно создаваат навики на купување преку интернет што значи штедење на време и пари.

“Можам да кажам дека за време од две години колку што постоиме како веб страна за групни попусти,  која наплатува за своите понуди електронски, забележавме пораст на продажбата и употребата на платежните картици од страна на нашите корисници. До сега имаме реализирано околу 25 000 on-line трансакции и оваа бројка се повеќе се зголемува,  благодарение на интересните попусти кои секојдневно ги објавуваме. Преку нив значително се заштедува време,  коe граѓаните често го немаат. Нашите искуства говорат за тоа,  дека луѓето полека се навикнуваат на овој начин,  да заштедат и време и пари. Како и во секој бизнис и во овој патот е тежок,  да се дојде до ниво на сигурност и конкурентност, стекнување доверба кон потрошувачот. Кога се работи за одреден попуст, тогаш веднаш и интересот се зголемува, па корисниците се охрабруваат да пробаат да купат производ по електронски пат. Верувам дека во блиска иднина секој кој има мало разбирање од интернет,  ќе почне даги  користи услугите  на интернет за да добие услуга или да купи производ. Со оглед на скептицизмот, кој сеуште постои кај повозрасните, за нив секогаш постои можноста за плаќање со уплатница во банка. Досега не сме имале проблем за злоупотреба на платежна картица или на бесправно искористен ваучер. Соработуваме со сигурна банка во делот на on-line плаќањето кадешто постојат високи стандарди на сигурност и заштита на личните податоци на корисниците. И во случај на злоупотреба постојат строги правила и регулативи на кои подлежиме со кои навремено би се решила секоја несакана ситуација”-вели Јовица Беловски,   од “Купи на попуст.мк”.

Туристички аранжмани преку интернет!

Во пресрет на новогодишните празници, дел од агенциите кои работат во секторот туризам и угостителство,  на големо ги подготвуваат понудите. За атрактивните дестинации, велат се бара аранжман повеќе.Комуникацијата за резервации и плаќање преку интернет, споредено со Европа,  скромно се развива и во Македонија.

“Интеракцијата и комуникацијата преку интернет скромно напредува.  Можностите се големи,  како директно преку веб страна на која директно се доставува барање за резервација и истото веднаш се процесира, така и преку фб профили, студентски сервиси,  или кампањи и промоции реализирани во соработка со многу веб страни за групна продажба,  кои  прават вистински бум на пазарот. Па така,  ако пред неколку години само мал процент од граѓаните ги користеа овие интернет услуги, денес оваа практика е се почеста. Не можеме да кажеме дека е достигнат врвот, но има позитивен исчекор. Овие облици на комуникација ни овозможуваат лесен и директен пристап до клиентите, брза промоција и продажба на аранжманите.Празничната програма во овој период од годината, е усогласена за секој џеб, и токму за празниците очекуваме значително зголемување  и на побарувачката и на понудата” –вели туристичкиот работник, Никола Голубов од ТА “Аурора турс”.

Министерството за информатичко општество и администрација отвори 31 електронска продавница, избрани на конкурсот за најдобар бизнис план за on-line тргување. Е -продавниците -велат од ресорното министерство нудат разновидна продажба на здрава храна, текстил, облека, обувки, медицинска опрема, книжарници.

“ Бројот на веб продавници во Македонија се зголемува постојано и од десетина кои работеле во 2010 -тата, нивниот број сега достигнува над 200. Субвенционирањето на е-продавниците опфати дизајн на веб страница за продавницата, едногодишно бесплатно хостирање, електронски каталог за максимум 50 производи или услуги, едноставен систем за водење на нарачки, како и поврзување со процесор за платежни картички. Најефикасните пет продавници ќе бидат дополнително наградени со бесплатно хостирање во втората година и дополнителен електронски каталог за 50 производи. Целта е да се мотивира електронската трговија во Македонија преку помош за отворање продавници од ваков вид и обуки за користење”вели Мишко Талески од секторот за односи со јавност при МИОА.

За е-трговијата, според економските аналитичари,  во Македонија треба промоција на локалните продавници и создавање на можност, да се влее доверба за безбедноста на мк сајтовите,  кои треба да бидат достапни кога ќе бидат претставени. Треба и едукација на локалните бизниси, кои  ќе треба да понудат нешто што корисниците не може да го најдат на неколку чекори кај локалниот продавач. Проектот на ИТ министерството за отварање на 100 веб продавници кој беше најавен како  стимулирање  на е-трговијата,досега мотивира само триесетина локалните бизниси да „излезат“ на веб и да ги искористат бенефитите на интернетот за да дојдат до повеќе корисници. Дополнително останува обврската и начинот како и во иднина ќе се  мотивираат  корисниците да купуваат онлајн од за-нив-препознатливи локални брендови,  а за бизнисот  предизвик повеќе,  да се впушти во електронска трговија.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии