16 Декември, 2025
0.0904

ОН состави „црна листа“: Санкции за секој што ќе ја помага Исламската држава!

Објавено во: Свет 16 Август, 2014 13:20

Добивај вести на Viber

Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, усвоена едногласно непосредно откако досегашниот ирачки премиер Нури ал-Малики се согласи да ја предаде власта, инсистира на итно распуштање и разоружување на радикалните формации Исламската држава и Ал Нусра, поврзани со Ал Каеда. Се работи за најконкретна и најопсежна мерка која досега ја презеде Советот за безбедност на ОН за да се спречи напредувањето на Исламската држава. Текстот на Резолуцијата се повикува на поглавјето 7 од Повелбата на ОН, што овозможува примена на санкции, па дури и на сила, но засега не дозволува воена интервенција. Со овој документ на „црна листа“ се ставени шест лидери на Исламската држава, меѓу кои самопрогласениот калиф Абу Бакр ал Багдади и портпаролот на џихадистите во Ирак Абу Мохамед ал Аднани, кој се смета за негова „десна рака“. Резолуцијата се заканува со санкции на сите кои финансираат, регрутираат или испраќаат оружје за џихадистите. „Советот за безбедност на ОН на најсилен начин ги осудува терористичките активности на Исламската држава, нејзината насилна екстремистичка идеологија, постојаното систематско и широко кршење на човековите права и повредата на мешународното хуманитарно право“, стои во усвоениот документ.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете