27 Декември, 2024
0.0351

One stop shop - eдно застанување, а граѓаните со часови чекаат на граница

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Требаше да се забрза протокот на патници и на стока, но концептот One stop shop за дел од патниците кои поминуваат на Табановце значело и повеќечасовно чекање. Граѓани кои често патуваат од Македонија кон Србија за Фактор тврдат дека откако беше промовиран овој проект за само едно застанување на границата, наместо два пати на двете граници, сега чекаат повеќе од претходно. One stop shop беше промовиран на крајот на август, а овој концепт го поздравија и стопанствениците од двете земји затоа што на ваков начин треба да се забрзаат и царинските процедури.

„Јас често одам во Јужна Србија, можеби секој викенд. Навистина непријатно сум изненаден затоа што еве последниот пат чекав три часа за да ја поминам границата, вели К. Костовски.


Од Владата велат дека времетраењето на поминување на државната граница зависи од фреквенцијата на патници и возила, којашто е зголемена во период на туристичката сезона. Иако сега туристичката сезона речиси е завршена велат дека на тоа се должи зголеменото времетраење на минување.

„Проектот „One stop shop” на граничниот премин Табановце – Прешево, се воведе во шпицот на сезоната кога повеќето патници се враќаат и одат на годишен одмор, при што честота на патници е зголемена за 30 отсто од минатата година. Дневно за влез и излез границата ја минуваат од 30.000 до 50.000 патници, велат за Фактор од Владата.


Од Царинската управа тврдат дека нема задржувања затоа што Царинската управа работи селективно.Зависно од денот, за обработка на товарниот сообраќај било потребно различно време. Се тврди дека во просек се обработуваат од 300 до 500 камиони, како и од 100 до 170 автобуси на ден. Ова значи, велат од царината, вкупно обработените камиони се во ист сразмер како и минатата година.

„По воведувањето на проектот камионите се редат во една лента, бидејќи има една вага, на српска страна која е задолжителна за сите товарни возила со стока, освен празните камиони кои одат на втората лента. Од оваа причина на српска страна не може да се работи во две ленти, велат оттаму.

Инаку за втората лента веќе бил остварен контакт со српската царина, која треба да ја обезбеди друга вага. Се тврди дека во тек е постапката на усогласеност и правно регулирање за заемно признавање на фито и ветеринарните сертификати со што драстично ќе се намали времето на контроли односно процесирањето на товарните возила на граничниот премин.

„One stop shop“ официјално го пуштија во употреба премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

ДВЕ СЦЕНАРИЈА НА ММФ: Што ја чека економијата на Украина?

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

КРЕМЉ СЕ ПОФАЛИ: Девет земји ќе се приклучат на БРИКС во 2025 година

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

ИЗБРАНА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА - Малинка Силјановска-Николиќ ќе ја води КЗК, еве кои ќе бидат членовите

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

MИЦКОСКИ: Преговараме со 15 нови странски инвестиции, едната е во вредност од 360 милиони евра и 500 нови работни места

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

МЕРЦЕДЕС ОСТАНУВА БЕЗ ПОЗНАТАТА ЅВЕЗДА СО ТРИ КРАЦИ: Производителот прогласи банкрот по 200 години постоење

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

ИНТЕРВЈУ ТОМЕСКИ: Намалувањето на каматните стапки на финансиските вложувања и неповолните демографски движења - предизвик за осигурувањето на живот

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

„АЛКАЛОИД“ 2024, УСПЕШНИ ЧЕКОРИ КОН ИДНИНАТА - Обраќање на Генералниот директор, Живко Мукаетов

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Димитриеска Кочоска: Поврат на ДДВ доцни само кај компании што се проверуваат

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал

Пауел го избрка Дедо Мраз од пазарите на капитал