16 Мај, 2024
0.0256

oне.Вип ги претставува престижните Samsung Galaxy S7 и S7 edge

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

– Само два дена по светската премиера во Барселона што се одржа на 21февруари 2016г., најновата генерација на паметни телефони од Samsungнаскоро пристигнуваат и во Македонија, а веќе од денес се достапни за резервација во продажните салони на Вип брендот.

Од денеска, во сите продажни места под Вип брендот, како и преку Купи Онлајн на www.vip.mk,корисниците ја добиваат можноста да бидат првите што во земјава ќе го имаат новиот Samsung Galaxy S7 и S7 edge. Со потпишување договор за продажба на телефон со одложен рок на испорака и аванс од 2.999 ден, можат да го резервираат еден од најпосакуваните паметни телефони во светот.Веднаш по пристигнување на телефонот, корисниците ќе добијат  известување дека веќе е достапен во продажното место каде што ја направиле резервацијата, а при подигнување на телефонот корисниците добиваат и специјален подарок –уред за виртуелна реалност Samsung VR (Model R233).

Елегантниот и со префинет дизајн Samsung Galaxy S7, како и уникатниот, двојно заоблен Samsung Galaxy S7 edge, се изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Заштитен со најновото стакло Gorilla, фасцинантниот QHD Super AMOLED дисплеј од 5.1 инчи кај Galaxy S7 односно 5.5 инчи кај Galaxy S7 edge,нуди живописни фотографии и видеа. Новите екрани со функција на постојана вклученост (Always On) на корисниците им овозможуваат едноставно користење без  да се грижат за пропуштен повик или информација.

Батеријата на Galaxy S7 и Galaxy S7 edge се надополнувабезжично, a Dual Pixel  камерата овозможува снимање на поостри и посветли фотографии дури и во услови на слаба осветленост. Благодарение на овој технолошки исчекор, како и поголемиот отвор на блендата и поголемиот број на пиксели, камерата нуди побрзо фотографирање и попрецизен авто-фокус. Без разлика дали се фотографира селфиили спектакуларно зајдисонце, предната 5МР и задната 12МР дуал пиксел камера се подготвени во секој момент да го „заробат“ секој убав миг.Новиот режим на работа наречен Motion Panorama носи движење на вообичаените панорамски фотографии давајќи им на корисниците поинтензивно искуство на фотографирање.

Најновите Samsung Galaxy S7 и S7 edge стануваат уште попрактични во секојдневната употреба со IP68 сертифицирана отпорност на вода и прашина без притоа да се наруши дизајнот на производите.

Samsung дополнително ги подобри перформансите на хардверот и софтверот за уште подобро корисничко искуство. Зголемениот капацитет на RAM меморијата до 4GB, како и дополнителната можност за мемориска картичка од дури 200GB, овозможуваат непреченoработење на самиот уред и непречено складирање на сите потребни податоци.

Телефоните официјално ќе бидат достапни за продажба од 11 март 2016г.по цена од 17.999 денари за Samsung S7 и 23.999 денари за Samsung S7 edge во Vip Free NoLimit тарифниот модел.

За повеќе информации корисниците може да ја посетат веб страницата www.vip.com.mkили да се јават на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“