13 Април, 2024
0.0286

ОНОЈ ПРАТЕНИК ШТО ОДЕШЕ ДА СЕ СЛИКА НА ГРАНИЦИ ИМА ИЗВАДЕНО ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ: Ги лаже граѓаните, вели Шилегов

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов во емисијата Вин Вин на Телма Телевизија.

-Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Левков, Бојан Стојановски,  Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија.  Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно име Северна Македонија. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓето, рече Шилегов.

На сметка на државата, на сметка на општеството ДПМНЕ постојано создава проблеми, за политички поени, додаде Шилегов.

-Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и после врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се слика на граници има извадено дипломатски пасоши ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните, додаде Шилегов.

ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со измена на Закон ќе може да патуваат во земји, тоа не е коректно и неодговорно кон граѓаните, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов.


Можеби ќе ве интересира

КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ДЕНЕС ПРЕД УПРАВЕН СУД - ќе докажува дека е прекршен Изборниот законик

КАНДИДАТКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ДЕНЕС ПРЕД УПРАВЕН СУД - ќе докажува дека е прекршен Изборниот законик

ГУЖВА И ЗАСТОЈ НА ПАТАРИНА СКОПЈЕ-ТЕТОВО: убавото време ги размрда Македонците

ГУЖВА И ЗАСТОЈ НА ПАТАРИНА СКОПЈЕ-ТЕТОВО: убавото време ги размрда Македонците

„Какви избори може да очекуваме кога комисијата која ги спроведува е најголем прекршител“ - Најчевска со остра критика за кршењето на законите

„Какви избори може да очекуваме кога комисијата која ги спроведува е најголем прекршител“ - Најчевска со остра критика за кршењето на законите

УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛИОТ ВИКЕНД - и понатаму летни температури, синоптичарите најавуваат промена од среда

УЖИВАЈТЕ ВО ТОПЛИОТ ВИКЕНД - и понатаму летни температури, синоптичарите најавуваат промена од среда

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборите

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот напредок кон ЕУ

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ особено како услов за натамошниот напредок кон ЕУ

ДИК ОТФРЛИ НЕКОЛКУ ЛИСТИ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ: Koи се причините?

ДИК ОТФРЛИ НЕКОЛКУ ЛИСТИ ЗА ИЗБОР НА ПРАТЕНИЦИ: Koи се причините?

МНР: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

МНР: Избегнувајте патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии

(ВИДЕО) СЕГА Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Жителот на Дреновци раскажа како се спасил откако мечката го нападна

(ВИДЕО) СЕГА Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Жителот на Дреновци раскажа како се спасил откако мечката го нападна