08 Ноември, 2024
0.0266

„ОПАСНА ГЛУПОСТ НА НЕКОЈ ШЕГАЏИЈА ВО СТРУКТУРИТЕ НА МОЌ “ - Захарова вака ја коментира забраната рускиот авион да прелета преку бугарскиот воздушен простор

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, е причината поради која Бугарија не дозволила прелет на авионот во кој беше и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров над воздушниот простор на Бугарија. Причината според нив е фактот што таа се појавува на списокот со санкции. 

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.

– Факт е дека правилата за воздушниот сообраќај се регулирани со Чикашката конвенција за меѓународно цивилно воздухопловство од 1944 година. Таа пропишува територијата на една држава да се разбере како „копнени територии и соседни територијални води“. Воздушниот простор не е вклучен во терминот „територија“. Во оваа смисла, ефектот од незаконските санкции на Европската Унија не може да се прошири на непрекинат лет на авион на лице на кое му е забранет влез на територијата на државата, пишува Захарова на Телеграм.

Според неа, за првпат во историјата, државни органи забраниле лице во авион, а не авион, бидејќи, според белешката од бугарското дипломатско одделение, на авионот на руското МНР му беше дозволено да прелета.

Како што е познато, авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушниот простор на Турција и на Грција, но не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

Во нотата од бугарското Министерство за надворешни работи, во која имале увид руски медиуми се вели: „Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје е дадена за министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и неговата придружна делегација во согласност со белешката. Дозволата не се однесува на директорот на одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Северна Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фетаи добил смртни закани и бара безбедносни мерки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Фетаи добил смртни закани и бара безбедносни мерки

ШТО ЌЕ ПОНУДИ КОМПЛЕКСОТ АЛЕКСАНДРИЈА - еве што открива Александар Стефанов во „Бизнис муабети“ на Фактор

ШТО ЌЕ ПОНУДИ КОМПЛЕКСОТ АЛЕКСАНДРИЈА - еве што открива Александар Стефанов во „Бизнис муабети“ на Фактор

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ПОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ЧЛЕН НА СУДСКИ СОВЕТ - за судир на интереси и пристарсност

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ БАРААТ ПОВЕДУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ЧЛЕН НА СУДСКИ СОВЕТ - за судир на интереси и пристарсност

АКО ТРЕБА, ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ ПОБАРАМЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА - најава од претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски

АКО ТРЕБА, ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ ПОБАРАМЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА - најава од претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски

ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД СКОПЈЕ - трагата и се губи во Јурумлери, роднините молат за помош

ИСЧЕЗНА ЖЕНА ОД СКОПЈЕ - трагата и се губи во Јурумлери, роднините молат за помош

„ИМА РЕВИЗИЈА И ИНСТИТУЦИИ“: Божиновска за компанијата која врши ископ во РЕК Битола „цените се намалени за 30-40 проценти“

„ИМА РЕВИЗИЈА И ИНСТИТУЦИИ“: Божиновска за компанијата која врши ископ во РЕК Битола „цените се намалени за 30-40 проценти“

Сашо Мијалков: Се зацврстив во верата откако го подигнав храмот „Свети Димитриј“

Сашо Мијалков: Се зацврстив во верата откако го подигнав храмот „Свети Димитриј“

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

И ДКСК БАРА ИСТРАГА ЗА ПАРИТЕ КОИ ГИ ТРОШЕШЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА: посочуваат оти на службено патување „биле потрошени средства за приватни цели“

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ