ОПАСНА ИЗМАМА ВО ГЕРМАНИЈА, СЕ КРАДАТ ПОДАТОЦИ ОД БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ: Измамниците имаат нов оригинален начин
Објавено во: Свет 25 Ноември, 2024
Оваа измама за прв пат беше откриена во Хановер во средината
на ноември, а потоа и во
Берлин и во Рајнланд-Пфалц.
Паркинмерите се новите „жаришта“ преку кои измамниците ги демнат своите жртви, надевајќи се дека возачите кои сакаат да платат за паркирање ќе бидат многу невнимателни за навистина да бидат фатени. Имено, магазинот „Феникс“ пишува дека измамниците во последно време ставаат налепници со лажни QR-кодови на паркинг машините, прикажувајќи ги како апликации за плаќање паркинг, но всушност се работи за измама.
Тие налепници со QR код изгледаат исто како вистинските, во боите на апликациите што вообичаено ги користат возачите за плаќање. Кога тој QR-код ќе се скенира, тој ќе го однесе корисникот на веб-локација што изгледа слична на вистинската платформа, а потоа ќе го поттикне да ги внесе информациите за својата кредитна картичка, што апликација како Easypark не ги нуди.
Оваа измама првпат беше откриена во Хановер во средината на ноември, а потоа и во Берлин и во Рајнланд-Пфалц. Доколку некој „се фати“ во ваквата измама, полицијата ги предупредува корисниците веднаш да ја блокираат картичката, да го пријават случајот во полиција, да ги проверат банкарските изводи, но и да го отстранат спорниот QR код ако можат.
„Станува збор за нова метода наречена ‘quishing’, која всушност е спој од класичниот ‘phishing’, (нова техника каде што измамниците користат QR кодови за да ги насочат жртвите на лажни веб-страници или да украдат лични и банкарски податоци), односно испраќање лажни е-пораки и пораки, и QR код. Летово, освен паркинг автоматите, биле погодени и полначи за електрични автомобили, а понекогаш ваквите QR кодови може да се најдат и во писма или промотивни е-пораки.“
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.