05 Декември, 2025
0.0612

Опасни игри со цената на нафтата!

Објавено во: Анализа 08 Јануари, 2015 12:48

Добивај вести на Viber

Венецуела за секој долар од падот на цената на нафтата губи 700 милиони долари, па националниот банкрот и е неизбежен, Русија чии приходи од нафта и гас сочинуваат три четвртини од извозот, се движи кон рецесија, а буџетските приходи на Иран од 50 паѓаат на 30 одсто.

Поради драстичниот пад на цената на нафтата на светските пазари, колапсот е целосно предвидлив, оценува порталот Индикатор.

Венецуела повеќе од сите други произведувачи зависи од нафтата, бидејќи 96 одсто од заработката од извоз ја остварува од „црно злато“. Економијата се бори со стапката на инфлација од 63 одсто и недостаток од храна, па националниот банкрот е неизбежен.

 Во Нигерија, 90 одсто од извозот зависи од нафтата, намалувањето на потрошувачката е неизбежно, а се стравува и од социјални немири.

Во коментар продолжува дека Саудиска Арабија сепак нема да го намали производството на нафта, и покрај падот на нејзината цена. Саудијците, кои произведуваат нафта поефтина од било која друга земја, сакаат да ја повратат моќта на светскиот пазар и да ги потиснат Русија и САД  чија нафта е значително поскапа.

Меѓутоа, ниската цена на нафтата сепак мора да остави последици и на економијата на Саудиска Арабија, со оглед на тоа дека 85 одсто од извозот и 90 одсто од државниот буџет на таа земја доаѓа од нафтата. Земјата е во тешки искушенија, бидејќи промената на власта е неизбежна, а неизвесно е дали транзицијата ќе помине лесно, оценува порталот.

Знаејќи дека цената на нафтата од летото се преполовила, огромни загуби имаат акциите на нафтените компании. Пазарната капитализација на 10 најголеми американски нафтени групации се стопи за повеќе од 200 милијарди долари, од што најголемиот меѓу тие гиганти, ЕксонМобил (ExxonMobil), изгубил повеќе од 50 милијарди долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени