Добивај вести на Viber
Полицијата на автопатот Скопје-Велес запрела возило со гостиварска регистарска табличка, кое се движело во спротивна насока од дозволената.
Неодговорниот возач, кој ги довел во опасност другите патници на автопатот, бил запрен на излез од тунелот, за среќа пред да предизвика поголема несреќа.
Од полицијата велат дека ова не е изолиран случај и апелираат до возачите да ја почитуваат поставената патна сигнализација на автопатот. И други учесници во сообраќајот често пријавувале дека возила се движат во обратна насока по овој дел од автопатот.
Фотографијата е преземена од Фејсбук групата
„Ѕид на сообраќајниот срам“.