19 Декември, 2025
0.0549

ОПЕК ги намали прогнозите за раст на глобалната побарувачка на нафта

Објавено во: Економија 13 Април, 2016 15:54

Добивај вести на Viber

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја намали прогнозата за глобалната побарувачка на нафта и вели дека може да го направи тоа повторно заради забавување на економска експанзија на пазарите во развој, потоплото време и укинувањето на субвенциите за горива, соопштува „Bloomberg“.

ОПЕК ги намали оценките за растот на побарувачката во 2016 година со 50 илјади барели на ден поради доцнењето во Латинска Америка, и прогнозира раст од 1,2 милиони барели на ден. Слабоста на бразилската економија, укинувањето на субвенциите за горивата во Блискиот Исток и меките за зимски температури во северната хемисфера може да доведат до уште намалувања, изјавија од групата.

„Сегашните негативни фактори изгледа ги надминуваат позитивните и веројатно значат корекција на растот на побарувачката за нафта, ако постојните знаци продолжат да постојат“, изјави секретаријатот на организацијата во месечниот извештај со седиште во Виена. „Економските случувања во Латинска Америка и Кина исто така се причина за загриженост“.

Нафтата поскапе до највисоките нивоа во последните 4 месеци во Лондон во вторникот, додека членките на ОПЕК се подготвуваат да се состанат со Русија и други земји надвор од картелот во Доха во неделата. Средбата има за цел склучување на договор за замрзнување на родот на нафтата, како дел од напорите за надминување на глобалниот вишок на суровини. Извештајот на ОПЕК наведува дека „позитивните пазарни расположенија продолжуваат да се подобруваат“ поради планот за замрзнување на родот.

Податоците на групата покажуваат дека 11-те земји членки на ОПЕК, кои г поотврдиле своето присуство на разговорите во Доха, добиваат по 487 илјади барели на ден помалку во споредба со нивото од јануари - нивото, предложено за договорот за замрзнување на добивката. Либија соопшти дека нема да присуствува на средбата, а Иран се уште не одлучил. Производството на Саудиска Арабија останува без промена од јануари, се вели во извештајот.

Сите 13 земји членки вкупно добиле 32,25 милиони барели на ден во март, што е за 14 900 барели на ден повеќе во споредба со февруари, покажуваат надворешните проценки, собрани од ОПЕК.

Глобалната побарувачка за нафта ќе достигне во просек 94,18 милиони барели на ден во 2016 година, се наведува во извештајот.

Стапката на раст од 1,2 милиони барели на ден во текот на оваа година е помал во однос на темпото од 1,54 милиони барели на ден во 2015 година, со оглед на одложената потрошувачка на индустриски горива и средните дестилати од Кина и Латинска Америка .

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар