ОПЕК ја намали прогнозата на светската побарувачка на нафта
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2012 09:21
ОПЕК во годишниот извештај „Можностите за светскиот пазар на нафта“ прогнозираше дека побарувачката на нафта во светот до 2016 година ќе достигне 91,8 милиони барели дневно.
Каретелот во 2011 година проектираше дневната побарувачка на нафта во светот во следните четири години да изнесува 92,9 милиони барели.
ОПЕК исто така ја намали прогнозата на долгорочната побарувачка на нафта и сега очекува дека таа ќе изнесува просечно 107,3 милиони барели дневно до 2035 година, што е 2,4 милиони барели дневно помалку од минатогодишната проекција од 109,7 милиони.
Главната причина за ревидирање на прогнозата е технолошкиот развој, кој особено влијае на секторот на транспорт, како и повисоките цени на нафтата.
Но ОПЕК и натаму очекува пораст на светската побарувачка на нафта во следните две децении, при што до најголем пораст, како на среден, така и на долг рок ќе дојде во Азија.
Овогодишната побарувачка е проектирана на 88,81 милион барели, а во 2013 година на 89,60 милиони.
Картелот прогнозираше дека барел ориентациона испорака на сурова нафта ќе чини 155 долари до 2035 година во споредба со сегашната цена пониска од сто долари.
ОПЕК исто така прогнозираше дека фосилните горива ќе останат главен извор на енергија во текот на следните децении, при што уделот на јагленот ќе се зголемува, а на нафтата ќе се намалува.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск
НЕ Е САМО НЕТФЛИКС: Парамаунт со конкурентска понуда за преземање на „Ворнер Брос - Дискавери“
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина
Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон





