19 Декември, 2025
0.0781

ОПОМЕНА ОД ХОЛАНДСКИ EВРОПРАТЕНИК: Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, а потоа се врти

Објавено во: Балкан 07 Март, 2023 16:41

Добивај вести на Viber

Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, вели холандскиот европратеник Тејс Ројтен од групата на социјалдемократите. 

Тој побара од Европската комисија да ја објасни нејзината „неразбирлива политика“ кон Србија и посочи дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, пренесе агенцијата Бета. Ројтен бара Комисијата да одговори што ќе направи за да ја охрабри Србија да го потпише европскиот предлог (за нормализирање на односите со Косово) и дали ќе ги прекине плаќањата за Србија според Економскиот и инвестицискиот план додека претседателот Вучиќ не го потпише планот.

„Вучиќ ја користи ЕУ како свој банкомат, а потоа се врти и одбива да го потпише договорот за Косово постигнат со посредство на ЕУ“, напиша Ројтен на Твитер.
Ројтен рече дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на 28 февруари го претставил пакетот финансиска поддршка за Србија во вредност од 2,2 милијарди евра, од кои 600 милиони евра се грантови. Ова е досега најголемиот грант од ЕУ за Србија.
Инаку, ЕУ претходно ја опоменуваше Србија да воведе санкции за Русија. Имаше најави дека пролетва треба да се нормализираат односите со Косово. 
фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен