Министерството носи нови правила, опозицијата обвинува за криминал со земјоделските субвенции
Објавено во: Агробизнис 13 Февруари, 2013
За време на јавната расправа за Предлог-листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина., министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека принципи ќе се воведуваат постепено и најпрво ќе важат за одредени категории производители и за поголемите стопанства.
„Принципите на добра земјоделска и хигиенска пракса како услов за стекнување право за користење финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој согласно Програмата, ќе се воведуваат постепено, најпрво како барања за основна земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса кои се полесни за спроведување за земјоделците“, истакна Димовски.
Тој најави дека до 2017 година најмалку 25 отсто од износот на исплатената финансиска поддршка ќе биде условно поврзан со обезбедување на бараните основни и добри земјоделски пракси.
„Постепеното воведување услови кои треба да се исполнат за обезбедување пристап до средствата за директни плаќања произлегува и од перспективниот развој на системот на директни плаќања во Заедничката земјоделска политика на ЕУ кој оди во насока на заострување на условите за субвенционирање како дел од политиката на руралниот развој, особено на зелената, еколошка компонента,“ изјави министерот.
Опзицијата обвинува за криминал со субвенциите За криминал во поделбата на земјоделските субвенции обвини денеска здружената опозиција од пред министерството за земјоделство. Опозиционерите и порачаа на власт да ги тргне рацете од аграрот и обвинија дека се прави криминалот во земјоделството. „Министерството е претвореново партиско биро за раскрчмување на субвенциите и со тоа обезбедување послушност на партиските чланови. Дека има криминал со субвенциите потврди и самата власт. Премиерот Груевски јавно тврдеше дека се потрошени за 115 милиони евра за субвенции, потоа министерот Ставрески дека се помалку, па Агенцијата дека се 93 милиони евра, за на крајот во завршната сметка да се пресметаат 73 милиони евра“, изјави пратеничката од опозицијата Ленче Николовска. Земјоделците се до гуша во долгови и едвај врзуваат крај со крај, обвинија од опозицијата. Од Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство веднаш реагираа. Велат, опозицијата доживеа целосно фијасно во земјоделството. „Каква би била состојбата во земјоделството доколку, како во времето на СДСМ, таква поддршка не постоеше излишно е да се говори. Тоа го знаат граѓаните на Македонија, особено земјоделците кои денеска ги немаше меѓу таканаречените загрижени протестанти за аграрот. Спротивно на тоа, беа присутни во Министертвото, креирајќи ги земјоделските политики. Истовремено, од другата страна,СДСМ пред себе виде модерна европска зграда, дом на почитуваниот македонски земјоделец и селанец, изградена со внимателно и рационално трошење на средствата, замена за распаднатите бараки и скапите кирии од по 30.000 евра месечно кои во нивно време се слеваа во џебовите на закупувачите на просторот блиски на СДСМ“, стои во реакцијата.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.