05 Декември, 2025
0.0318

Опозицијата обвинува за расипништво во Општина Центар, од власта се правдаат: Ние градиме!

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2013 20:30

Добивај вести на Viber

Денеска опозицијата излезе на протести пред Општина Центар, за која како што велат, стана симбол на непродуктивно и неразумно трошење на парите на граѓаните, пред се преку проектот „Скопје 2014“. Според Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП кој требаше да биде и кандидиран за градоначалник на Центар од страна на „Сојузот за иднината“, ваквото однесување е недозволиво. „Ние сме против ова расипничко трошење на народните пари и како што знаете, тоа беше една од главните причини за нашето спротивставување на 24 декември, кога опозицијата сакаше да го стопира ова неразумно трошење кое што води кон дополнително задолжување на државата, односно дополнително трошење на парите на граѓаните", изјави  Жерновски пред влезот на Општината. Тој исто така потсети дека според сите анкетите, најголемиот број на граѓани се против проектот „Скопје 2014". „Многу одамна граѓаните на Центар упатија јасна порака дека не се согласуваат со овој начин на водење политика и со ова економско пропаѓање, како на државата, така и на граѓаните", истакна Жерновски и порача дека граѓаните на Центар со бојкот на локалните избори ќе дадат јасно до знаење дека не се согласуваат со расипничко трошење на парите и со овој режим во Република Македонија. Писмена реакција од ВМРО ДПМНЕ Попладнево со писмено соопштение,  најголемата владејачка партија реагираше на денешната изјава на лидерот на ЛДП пред општина Центар. Од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека  дека и по 15 години во политиката, Жерновски не може да се пофали со ниту еден проект со што и помогнал на својата општина. „За успешноста на Општина Центар говорат делата кои се имаат реализрано само од локалната самоуправа  во овие изминати четири години. За граѓаните на Центар се изградени катни гаражи и нови паркинзи  со цел да се намали недостатокот на слободни паркинг места. Реконструирани и обновени се 15-тина улици. Изградени се нови пешачки патеки и тротоари. Реконструирани се и обновени објектите на речиси сите основни училишта и детски градинки на територијата на општина центар. Изградени се нови детски и спортски игралишта. Поставена е урбана опрема и холтикултурно се уредени голем број простори. И уште многу други проекти кои се во директен интерес на граѓаните и одговор на нивните барања“, стои во реакцијата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски