ОПСЕДНАТОСТ СО ПОЛИТИКА, АФЕРИ, СКАНДАЛИ: Дали ова е вградено во психо - генезата на народот?
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2021 07:31
Македонските граѓаните будно следат што се случува на политичката сцена, а аферите и скандалите се теми за кои долго се зборува. Последно е бегството и пронаѓањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, настан кој доживеа пресврт во еден ден.
Психологот Атанас Иваноски вели дека опседнатоста со политика е во металниот склоп на народот, и тоа е составен дел од психо – генезата на народот со децении и векови, што не е спорно, и со истото се соочиле и многу други нации. Но, вели дека тешко е поединецот да се издигне над тоа и да промени нешто, да утврди што му е приоритет во животот, и да ја промени својата филозофија на живеење. Психологот објаснува дека ваквите теми се пренагласени кај народот, но и во медиумите, иако во одредени граници е нормално човекот како социјално битие да го интересираат овие теми.
„Човекот е едно општествено – политичко битие. Нормално е да го интересира, но поединецот не може да прави дистинкција што е релевантно, а што не. Гледаме што го интересира и што коментира народот, криминал, корупција, нискиот морал, искривените вредности. Ние тоа го размислуваме, но проблемот настанува кога му даваме преголемо, дополнително значење. Луѓето се некако безидејни, и потешко е поединецот да се издигне себеси. Луѓето не следат уметност, филм, култура, поезија, спорт, туку политика и полесно им да е ја „управуваат“ Македонија од пред компјутери и мобилни телефони, oтколку да се насочат кон промена на нефункционалните општествени сегменти и градење здраво општество“, вели Иваноски.
Секогаш кога ќе се појави политичка афера во земјава, социјалните мрежи „вријат“ од коментари, во кои има бес, незадоволство, но и доза на сарказам. Претходно, кога екс премиерот Никола Груевски избега од Македонија, многу граѓани беа воодушевени од неговиот потег, му посакуваа среќа и му даваа идеи како да си го исполни врeмето во Будимпешта.
Во развиените земји има помал интерес за следење на политичките настани. Анкета која е направена пред неколку години покажа дека 35 отсто од Французите не знаат каков се вика нивниот премиер. Последната анкета за користење на слободното време спроведена од Државниот завод за статистика покажува дека најголем дел од времето во денот македонските граѓани го поминуваат во спиење, а слободно време најмногу се троши за гледање на телевизија. Во Европа пак слободното време граѓаните најчесто го посветуваат на спортски активности.
Сања Атанасовскаfoto freepik
Можеби ќе ве интересира
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер




