06 Декември, 2025
0.2669

Општина Центар и Град Скопје ќе се обидат да ги надминат недоразбирањата за паркиралиштата

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2014 18:46

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, Градот Скопје и Министерството за Внатрешни работи во следниот период интензивно ќе работат на решавањето на проблемите со паркирањето на територијата на Центар, информираат денеска од оваа општина. Во краткото соопштение не се наведуваат повеќе детали за тоа на кој начин ќе се решава проблемот со паркиралиштата во централното подрачје на главниот град и спорот што се појави меѓу Општина Центар и Градот Скопје. Неофицијално се дознава дека сепак паднала одлука паркиралиштата во Дебар Маало да не му се одземаат на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), кое стопанисува со нив. Од ПОЦ ќе треба да достават уредни и корегирани проекти пред да продолжат со наплата на паркингот на овие паркиралишта. Претходно, Градот Скопје ја информираше општина Центар дека поради некомлетирана документација не може да стопанисува со паркинг местата во овој дел на градот и побара општината сама да ја отстрани сигнализацијата. Доколку не го сторат тоа, инспекторите на град Скопје се заканија дека ќе ги избришат линиите кои ги обележуваат паркинг местата. Од општина Центар тврдеа дека тие за возврат од Градот ќе побараат плаќање на долговите од неколку милиони евра што градот наводно и ги должи на општината за комунални такси, односно затоа што градското претпријатие „Градски паркинг“ со години ги користи сервисните улици во Центар и наплаќа за паркирање на површина која е во сопственост на општината. ЗА ПАРКИРАЛИШТАТА ВОЈНА, ГРАЃАНИТЕ НИКОЈ НЕ ГИ ПРАШУВА!

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија