Општина Кисела Вода со нови паркинзи
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2013
Во општина Кисела Вода почнаа активности за изградба на две нови јавни паркиралишта лоцирани на улицата „Христо Татарчев” на 800 метри квадратни површина. Градежните работи ги изведува фирмата „Урбан инвест“.
Освен партерно уредување пред станбените згради, на улицата ќе се направат и тротоари широки 1,5 метар.
Според Општината, две нови јавни паркиралишта ќе се изградат и на улицата „Божидар Аџија” на површина од 800 квадратни метри, но по реализирањето на оние на „Христо Татарчев”.
Изградбата на паркиралиштата е дел од општинската програма Комунални дејности во чии рамки се спроведува акцијата за партерно уредување на јавните површини на територијата на Кисела Вода.