Добивај вести на Viber
Советниците и дел до вработените во општина Тетово добивале надоместоци и плати поголеми од законски дозволените, се трошеле пари и за патувања во странсво, но нема докази каде се патувало и што се плаќало, недоследности се регистрирани и при давањаето на службени картички за точење на гориво, а не се знае кој се поседува службен мобилен телефон и не се вршеле одбивања од плата за пречекорен лимит, ова се само дел од нерегуларностите утврдени од страна на Државниот завод за ревизја во извештаот кој се однсеува за работењето на општината под раковдоство на градоначалникот, Сади Беџети.
Незаконски вработувања
Спротивно на Законот за работни односи, градоначалникот Сади Беџети во 2012 година склучил договори за дело со 87 лица. Дополнително на тие лица им биле исплатени околу 100 илјади евра без критериум за утврдување на месечниот надоместок. За потребата од нивно ангажирање не постојат пишани документи, а на ревизорите не им биле ниту дадени докази за работата што тие ја извршиле.
„Ангажирање на лица со договор на дело во општинската администарција кои не се во согласнот со засконски пропишаната рамка за вработување, укажуваат на намалена транспарентност при вработување, субјективност при избороти на лица и нивна повластена положба во постапката занвино ангажирање и тренд на пораст на бројот на ангажирани лица во општината“, пишуваат ревизорите.
Советниците во Тетово си земле пари и кога не оделе на седници ?!
Ревизијата на исплатените плати и надоместоци за вработените и советниците во општина Тетово, покажала дека се исплатени нешто повеќе од 325 илјади евра кои не се во согласнот со законската регулатива.
Односно, има недоследности кај начинот на исплаќање на платите на вработените, но и кај надоместоците за советниците. Па така, во 2012 година биле исплатени 13,5 илјади евра за дневни трошоци за доаѓање на седниците, ставка што не е предвидена со законите. Или согласно законите, советниците може да добиваат месечен надоместок за присуство на седниците на советот, надоместок за патни и дневни трошоци за службени патувања во земјата и странство, но не е предвиден надоместок за дневни трошоци за присуство на седница.
Исто така, ревизијата констатирала и дека 2,5 илјади евра се исплатени на советниците кои не доаѓале на седниците на советот, што е спротивно на законите, бидејќи ако не е присутен на седница според важечките закони на советникот треба да му се намали надоместокот. Но наместо тоа советниците во општина Тетово, си додале дека ако е оправдано отсутен сепак ќе го добие надоместокот, спротивно на законот, а нема да го добие само делот за дневен трошок за присуства, што сами си го додале како надоемсток, кој исто така е спротивен на законот.
Исплатени пари за опожарени куќи, а пожар нема пријавено!??
Со одлука советот на општина Тетово доделена е финансиска помош од 75 илјади евра за пет лица по 15 илјади евра, за санирање на штети настанати во пожар во семејна куќа во Тетово. Половина од износот е исплатен на градежно претпријатие од Тетово во согласност со пет лица, заверана на нотар, и останале да се исплатат уште половна од парите, кои се водта како долг на општината кон градежното претпријатие. Градежното претпријатие за петте лица извршило изградба на станбен објект. Но, интересно е дека за овој случај
„Нема записник во МВР, ниту од Територијалната од противпожарната единица во Тетово за настанатата штета од пожар и проценетата висина на штетата, се наведува во извештајот“
Не може да се утврди каде се патувало и колку се трошело?
За службени патувања во странство потрошени се 40 илјади евра, но ревизорите не се уверени во реалноста на искажаните трошоци за службени патувања во странство.
Во решенијата за службено патување не се наведени целта на патување и работните задачи што се вршат, ниту видот на превзоот што ќе се користи.
Во решенијата однапред е определен износот на дневница за службено патување во кој износ почесто се вклучени и трошоците за сместување, но без да се приложи пресметка како е дојдено до впишаниот износ и без да се земат во рпедвид часовоте поминати на службеното патување што влијае на бројот и висината на дневниците што се исплаќаат, стои во извештајот.
Утврдивме и исплаќање на трошоци за службено патување без да се изготви решение зод страна на градоначалникот, наведуваат ревизорите.
Ревизијата не беше во можност да се увери во оправданоста на трошиците направени за авиобилети и хотелско сместување од причини што од доставените фактури од добавувачот не може да се утврди точната релација на патување на наведените лица, ниту датата на патување при што на тој начин нема можност да се поврзат трошоците за авиобилети трошоците за хотелско сместување со остварените служебени патување“
За телефонски разговори потрошени близу 100 илјади евра. Кој се поседува мобилен на сметка на општината?
За телефонски разговори во 2012 година, на сметка на општината се направени трошоци од 93 илјади евра, од кои најголемиот дел се во мобилната телефонија. А ревизорите не го добиле на увид ниту договор со економскиот оператор за обезбедување на услугите во фиксната и мобилната телефонија.
На ревизијата не и бил доставен ниту список на вработени лица кои имаат службен мобилен телефон со образложение дека не се води таква евиденција бијдејќи при набавката на службените мобилни не се издавале реверси за задолжување на лицата. Поради тоа општината нема задолжено ниту лице да води евиденција за пречекоруивање на лимитот во месечните сметки по вработени и затоа нема одбитоци од плата за евентуалните пречекорувања.
Но, веќе во 2013 година донесени се решенија за ограничување на лимитот на телефонските сметки и за тоа кој може да поседува службен мобилен.
Нерегуларности ревизорите регистрирале и кај набавката на горивото, како се трошело и дали само се полнеле службените возила.
Чудни трансфери за невладини организации и социјална помош
Ревизијата не се уверила во реалноста и објективноста на вкупните расходи од 125 илјади евра, што како трансфери се префрлени на невладини организации а организирање на манифестации.
При тоа, ревизортите констатираат дека никаде немало јавен повик за доделување на финансиски средства, организиациите што добиле буџетски средства не доставиле финансиски извштаи за реализацијата до општината, ниту пак се објавени организациите што ги добиле средствата и намената за која им биле исплатени.
„
Ваквата состојба не е во согласнот со законите и создава можност за незаконско користење на средсвата од Буџетот на општината“, се наведува во извештајот на ДЗР.
Општината исплатила 32 илјади евра како социјална помош за физички лица. Но, проблемот е што парите се испалтени без утврдени критериуми и постапка за доделување на финансиски средства, што создава можност а субјективно постапување и одлучување при нивно доделуивање , како и ненаменско трошење на средствата, наведуваат ревизорите.
„Исплатите се врз основа на решение од градоначалникот на опптината без приложена докуменација“, пишуваат ревизорите.
Р.Ф