05 Декември, 2025
0.0884

Општинските комисии во ресенскиот и прилепскиот регион започнаа со проценки на штетите од невремето

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2018 16:29

Добивај вести на Viber

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалните власти денеска излегоа терен во увид на штетите врз земјоделските посеви од вчерашното невреме во преспанскиот регион.

Преспанскиот регион е дури шест пати опфатен од невреме од месец мај до денес. Токму затоа Комисијата за проценка на штети е веќе формирана и активна. Според првичните информации поројниот дожд и град во регионот предизвикал најголеми штети во село Јанковец, Ресен, делови од селата Златари и Сопотско.  Општината комисија веќе е излезена на терен и врши проценка на штетите предизвикани од невремето, а првите прецизни проценките на оштетените јаболки ќе можат точно да се соопштат следната недела. Сепак, според првичните проценки штетите врз насадите се од 70 до 80 отсто.

Штети од невремето се забележани и во прилепскиот регион, поточно во Големо и Мало Коњари. Општината Прилеп и таму формираше Комисија за проценки на штети, која ќе биде задолжена за проценка на материјалните штети на објекти и приватни имоти, по што ќе следува постапка за обештетување.

Инаку Владата на Република Македонија работи на усогласување на Законот за земјоделство и рурален развој и Законот за заштита и спасување, за да се унифицира постапката и да не се формираат повеќе комисии, со цел да се забрзат постапките и да се пратат до владината комисија, која што ќе ја преземе целокупната работа во делот на обештетувањето. Општинските комисии се веќе формирани. Во меѓувреме МЗШВ работи на долгорочна стратегија односно на сет мерки за заштита на земјоделството од временските непогоди предизвикани од климатските промени. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?