01 Септември, 2024
0.0539

Општинските советници ќе одлучуваат каква фасада ќе ставите на вашата куќа или зграда?!

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Советниците во општините ќе може да бираат какви фасади ќе имаат  куќите и зградите. Ова е предвидено со измените на Законот за градба што се веќе во собраниска процедура. Според предложените измени на законот оставена е можност советниците во општините да донесат одлука со која ќе го утврдат изгледот на фасадата на објекти кои се веќе пуштени во употреба и кои се наоѓаат во централнотоподрачје. Таквата одлука ќе може да ја донесат, ако сметаат дека тоа ќе биде од значење за општината. „Советот на општината, советот на општината во градот Скопје, односно советот на градот Скопје со одлука може да го утврдат изгледот на фасадата на еден или повеќе објекти кои се ставени во употреба, а кои се наоѓаат во централното подрачје, доколку утврдат дека тоа е од значење за општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, стои во предложените измени на Законот за градба. Фасадите што ќе ги одбере општината, ќе мора и сама да си ги плати, односно трошоците  во таков случај ќе бидат на товар на општината. „Трошоците за изведувањето на градежните работи за реализација на одлуката, се обезбедуваат од буџетот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, чиј совет ја донел одлуката за изгледот на фасадата, а доколку при изведувањето на градежните работи му се причини штета на сопственикот на објектот, инвеститорот е должен истата да ја надомести“, пишува во предложените измени на законот за градење. Законот е спротивен на Уставот На овој начин се задира во приватната сопственост, сметаат од опозицијата. Законот што денес го имаме пред нас е најфашистичкиот закон кој што е донесен во Република Македонија, изјави од собраниската говорница Јани Макрадули од СДСМ. „И сега ќе ви образложам зошто. Коце Трајановски, реши да прави пари и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и бидејќи ги продадоа сите земјишта во градот, како ќе ги прават парите, решија да ги прават преку фасадите. Отидоа до граѓаните на улица Македонија, до станарите, станарите рекоа не сакаме да имаме барокна фасада и замислете ВМРО ДПМНЕ, носи закон со кој што ќе ви го преуреди станот со одлука на совет за да ви стави барокна фасада. Нема врска вие ако сте имале таму детска соба во која што имате бебенце. Не! таму ќе има пренамена во која што ќе има барокна фасада.Сега со овој закон може да Ви го променат ентереиерот во станот, вели Макрадули. За Макрадули, овој закон е одраз на владееењто на ВМРДО-ДПМНЕ И ДУИ, надвор од Устав, принципи и морал. „На пример може во Струмица на куќата на Васил Пишев бидејќи е од значење за Струмица да се преуреди и да се стави ликот на Славе Бошев на фасадата, тоа може да се направи, тоа го пишува во законот. Замислете си седите наутро и одеднаш гледате скеле пред вашата врата, пред вашиот прозорец, на врата ви тропа некој и ви вика, ај тргнете се детската соба каде што ви е бебенцето ќе ја тргнеме, ќе ставиме балкон кој што ќе одговара со барокната фасада. Гнасно, срамно, криминално. Ова може само ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да го смислат, изјавиМакрадули. Пратеникот Газменд Алији на собраниските расправи потенцираше дека овој закон е против уставен и навлегува во приватната сопственост. Исто така тој посочи дека Уставниот суд ќе го укине законот во случај група граѓани да поднесат иницијатива за оценување на уставностa, поради тп побара одржување на јавна расправа и негово повлекување. Од ДПА посочија дека со ваквиот закон ќе може на куќи на Албанци да се прават фасади со црковни мотиви. „Кој ќе гарантира дека утре на ѕидот на една зграда, нема да има слика на црква или на икона. Кој гарантира дека утре во Музејот на слободата нема да се нацрта сликата на Тарчуловски, изјави во Собранието Газменд Алији од ДПА. Предложените измени во законот за градба ги бранеше заменик министерот за транспорт и врски Џелал Бајрами. „За изгледот на колективните станбени згради и јавните објекти се носи годишна програма од Советот на општината и од инвеститорот, каде ќе треба секој инвеститор да се придржува на претходно донесената програма од општинскиот совет“, изјави Бајрами во одбрана на законот. За законот допрва ќе се расправа на пленарна седница во Собранието. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

(ФОТО) ПОЖАРОТ НА ВОДНО Е ИЗГАСНАТ: Седум пожарникари со две возила го ставија огнот под контрола

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце

ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Метеж на Богородица и Табановце