Орданоски: Можни се три 4G оператори во Македонија?!
Објавено во: Економија 05 Јули, 2013 12:51
Од понеделник ќе се отвори ново наддавања на кое ќе учествуваат сите три мобилни оператори во Македонија кои ќе добијат дозвола за 4G мобилна мрежа. Доколку се оди според планираното оваа технологија ќе започне да се користи од почетокот на 2014-та година.
Тоа го истакна директорот на АЕК, Роберт Орданоски во интервју за МИА, во пресрет на јавното наддавање за доделување фреквенции за 4G, предвидено за 10-ти јули, а за кои понуди доставија трите оператори во Македонија. Орданоски очекува наддавањето да заврши успешно и сите три оператори да добијат одобренија, што би важеле од 1 декември годинава.
„Тоа значи дека 2014 година Македонија ќе ја дочека како прва земја од нашиот регион со 4G мрежи, и тоа не една, туку три“, нагласува Орданоски.
Според него, таа технологија допрва ќе наоѓа сопствена примена и имплементација. Агенцијата смета дека операторите кои работат во земјава донеле вистинска одлука со тоа што се вклучиле во светските текови за развој на оваа технологија. На тој начин се обезбедува нивното натамошно работење и развој.
4G мрежата овозможува големи брзини на интернет сообраќај и пренос на податоци, а со тоа ќе се овозможи дополнителен развој на телекомуникацискиот сектор во Македонија, поголема употреба на паметните мобилни уреди и развој на мобилни апликации за сите области.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




