Добивај вести на Viber
Орканска бура и се заканува на Хрватска, каде се очекува невреме и силен ветер.
Црвен метеоаларм има за Истра, а предупредување метеоролозите дадоа и за Славонија и Барање. Во одредени делови се очекува ветер со брзина од 145 км на час, а во други делови ветерот ќе биде со брзина од 110 км на час.
Во жолта фаза е Загреб и цела северозападна Хрватска, каде се очекува ветер со брзина од 95 км на час.
Утрово почна со хаос во сообраќајот, така што дел од автопатот А1 е затворен, а на многу патишта и на јадранската магистрала сообраќајот е ограничен.
Во прекин се неколку траектни линии, а во Лика, Славонија веќе има врнежи од дожд.