18 Декември, 2025
0.0583

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

Објавено во: Економија 27 Август, 2025 11:12

Добивај вести на Viber

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанкаАД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г.е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

“Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката, како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”,  истакнаг. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија, која е дел од Bayern LBГерманија, како Раководител на Одделение Проблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематични активи.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематични пласмани, Картично работење и Кредитна администрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа