20 Декември, 2025
0.0482

Промотивен авансен депозит - нови можности за штедење со ПроКредит Банка

Орочи ги твоите заштеди и земи ја каматата уште истиот ден

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2023 13:28

Добивај вести на Viber

Еден од темелите врз кои ПроКредит Банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува. 

Штедиме денес за да си обезбедиме подобра иднина, а кога размислуваме за иднината, сите се стремиме кон поголема финансиска стабилност за чија цел потребни се паметни решенија и прифатливи начини за штедење. Следејќи ги потребите на клиентите, ПроКредит Банка воведува нов продукт за штедење, мислејќи не само на нивната иднина, туку и на нивната сегашност. 

Станува збор за нов орочен депозитавансен депозит, каде каматата се исплаќа веднаш, на денот на орочувањето на средствата, за разлика од вообичаено познатата пракса да се чека да помине периодот на орочување кој вообичаено е 12, 24, 36 или повеќе месеци. Овој нов продукт на штедење ПроКредит Банка го воведува во својата редовна понуда, а целта е да им овозможи двоен бенефит на своите клиенти: чувство на сигурност поради заштедени средства и истовремено располагање со каматата уште од самиот почеток на орочувањето. Промотивно, банката нуди атрактивни каматни стапки, и тоа 2,4% за евра и 3,2% за денари за рок на орочување од 36 месеци.

Клиентите ја препознаваат и особено ја вреднуваат ПроКредит поради фактот што е целосно дигитализирана банка и сите дигитални банкарски услуги, вклучувајќи ја тука и можноста за орочување на заштеда, се достапни преку мобилното и електронското банкарство. Сепак, тоа не го исклучува и персонализираниот пристап кон секој еден клиент, за што ПроКредит Банка особено се истакнува преку професионалната услуга на лични банкарски советници.

ПроКредит e банка со 100% германски капитал и е единствената банка на пазарот која и оваа година го потврди високиот Fitch кредитен рејтинг „БББ-,“ со што продолжува да биде синоним за стабилност и сигурност.

Повеќе информации за промотивните депозити може да најдете на веб страницата на ПроКредит Банка.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии