06 Декември, 2025
0.1613

ОШЗС Куманово: Здравствениот систем очигледно не функционира беспрекорно

Објавено во: Македонија 28 Април, 2020 09:51

Добивај вести на Viber

По состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово и натаму на увид се бара извештајот од вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој, покрај случајот со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, утврдил слабости и кај командантот и кај придружен член од ова тело формирано на локално ниво.

- Штабот е загрижен поради новонастанатата состојба со вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ во однос на командантот и придружениот член на штабот за наводно прекршување на процедури и бара записникот и извештајот од постапка да му биде доставен на увид.

Ваквата констатација фрла сомнеж врз сето она што до сега е преземено и сработено од страна на ОШЗС во борбата со епидемијата од Covid-19 во Куманово. Бараме од надлежните државни органи во најкус можен рок да го расчистат случајот. ОШЗС во континуитет од самиот почеток на епидемијата укажува на голем број на недостатоци на акти и дефинирани процедури кои треба да ги донесе владата, министерството за здравство и комисијата за заразни болести со кои прецизно се регулираат процедурите во услови на епидемија како и заклучоци со кои се укажува за фактичката состојба и реалните потреби во здравствените организации во Општина Куманово, се вели во еден од заклучоците на штабот.

Од таму е побарано од Министерството за здравство да „се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно“.

- Општинскиот штаб, силно ја поддржува работата и ангажманот на здравствените работници (лекари и медицински персонал во Општа болница, Здравствениот дом, матични лекари, ЦЈЗ, епидемиолозите и др.) во Куманово и ја истакнуваме досегашната соработка како и нашата голема благодарност за сето тоа.
Цениме дека тоа се луѓето на првата линија на фронтот, против вирусот Covid -19, како и нивната 24-часовна посветеност, ризикувајќи ги своите животи во интерес и спас на животите на своите сограѓани.
Од тие причини упатуваме јасна порака до Министерството за здравство во наредниот период, целосно да се посвети на подобрување на сите слабости во поставениот систем, кој очигледно не функционира беспрекорно, се вели во вториот заклучок објавен од градоначалникот Димитриевски.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија