16 Јули, 2024
0.0297

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Никогаш не знаеш колку работите навистина ти значат, се’ додека не ги загубиш... Ова го научивме на потешкиот начин, кога на почеток на овој месец нашата семејна куќа се поплави и не’ остави да се прашуваме како ќе го замениме сето она за кое напорно работевме сите овие години? Куќата е дел од моето семејство веќе 35 години и ова е единствениот дом кој го имаме, што значи дека се плашевме дека ќе го изгубиме не само местото на живеење, туку и катчето кое ги чуваше нашите спомени, желби и животни достигнувања...

Непријатното изненадување го видовме кога се вративме од семејниот излет. Силниот дожд што паѓал цела вечер го оштетил покривот, водата протекла внатре и уништила практично се’: голем дел од мебелот, новиот паркет кој го поставивме пред неколку месеци, книгите, детските играчки, па дури и албумот со фотографии...

Загубата на сите оние работи кои ни значеа толку многу ни нанесе тага и голема болка, но којзнае колкави ќе беа загубите ако немавме полиса за осигурување на домот. За наша среќа, уште одамна бевме свесни дека мора да го заштитиме домот, како најважната работа која ја поседуваме. Секако дека никој не се надева на најлошото, но не штети да се биде претпазлив и да се инвестира во осигурување, бидејќи животот е непредвидлив и може да не’ изненади на секој чекор.

“Осигурувањето на домот е важен чекор за заштита на вредни материјални добра од непредвидени настани. Полисата обезбедува финансиска заштита во случаи на оштетувања предизвикани од природни непогоди, кражби, или други инциденти. Осигурувањето овозможува брзо и ефикасно да се надоместат загубите и да се обнови домот”, смета Ило Ристовски од Халк осигурување.

Според официјалните податоци осигурувањето на имот е едно од најпопуларните доброволни осигурувања во Македонија. Во првите пет месеци од 2024 година, забележан е раст во осигурување на имот за 10% во споредба со лани. Ова укажува на зголемена свест и интерес меѓу граѓаните за заштита на нивните домови кои благодарение на осигурувањето ги покриле настанатите штети.

Ова ја потврдува важноста на осигурувањето на домот како средство за финансиска заштита и сигурност, бидејќи осигурувањето не е само заштита од големи катастрофи, туку и од секојдневни непредвидени ситуации кои можат да предизвикаат финансиски загуби. 

Инвестирањето во осигурување на домот значи инвестирање во иднината и стабилноста. Осигурувањето обезбедува поддршка во најтешките моменти и враќање во нормала без значителни финансиски загуби. Освен тоа, осигурувањето на домот додава дополнителна вредност на имотот и дава чувство на сигурност. Со склучување на полиса за осигурување се презема проактивен чекор за заштита на најголемото богатство – домот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

Патот до титулата: Како Butel 3x3 стана национален Red Bull Half Court победник?

Патот до титулата: Како Butel 3x3 стана национален Red Bull Half Court победник?

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“