16 Јули, 2024
0.0239

Патот до титулата: Како Butel 3x3 стана национален Red Bull Half Court победник?

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

После неполн месец од Red Bull Half Court турнирот кој се одржа на старо-новиот баскет терен во Влае, се случи и интервјуто со тимот на Butel 3x3, национален победник и наш претставник на Светското финале во Њујорк. 

Во месец јуни, на добропознатиот терен во Влае, оваа година освежен со нов дизајн на артистот Сатја Грабулоски, се одржа второто издание на Red Bull Half Court во Скопје

Во финалето се сретнаа екипите на Sinatra и Butel 3x. После крајно неизвесен натпревар,тимот на Butel 3x3 беше прогласен за нов национален Red Bull Half Court победник и патник на Светското финале во Њујорк, Америка кое треба да се одржи во октомври 2024 година. 

Во конкуренција од 16 екипи, тимот на Butel 3x3 со тројка во последните секунди од финалето успеа да победи на второто национално издание на Red Bull Half Court и со тоа си обезбеди карта за Светското финале.

Но, пред да одлета екипата на Butel 3x3 накај Њујорк, се случи интервјуто со Тино, член на екипата на Butel 3x3 кој во името на целиот тим се потруди да го прераскаже и раскаже нивниот настап на овогодинешното издание на Red Bull Half Court во Скопје.

Откако стивнаа импресиите од победата на Red Bull Half Court во Скопје, кои се вашите ТОП 3 моменти од овогодинешното издание на Red Bull Half Court во Скопје?

Tино: Дефинитивно бр. 1 момент беше тројката на Лука Стојановски во последните секунди од финалето, буквално ја гледав топката во успорен филм како патува накај кошот. Искрено, нереална сцена. 

Втор момент е појавата на еден наш играч, кој беше повреден и дојде со штаки да нè бодри. Без неговото присуство, тешко дека ќе успеевме да победиме. 

И, на крај, бр. 3 момент беше самата победа во финалето и таа неповторлива и уникатна среќа која траеше уште долго после завршувањето на турнирот. Момент кој ќе се памети!

Кои се членовите на Butel 3x3? Од кога постои тимот? Дали сте во ист состав од почеток или? 

Tино: Jaс и Стефан Цариќ сме единствени активни членови на Butel 3x3 уште од неговото оформување, а во изминатиов период ни се приклучија и Максим Митевски, Баже Димитриев, Лука Стојановски и Милан Милков. Секој од нас ротира во тимот, што дополнително придонесува за тоа секој од нас да го дава својот максимум. 

Како се подготвувавте за Red Bull Half Court? Дали можеби има некоја тајна "состојка"? 

Tино: За оние што не знаат, сите членови на Butel 3x3 тренираaт и играат професионална кошарка, па така после завршувањето на сезоната одма се префрливме на тренирање 3x3 баскет со играње натпревари помеѓу нас и со други екипи. 

Искрено, немавме некоја посебна подготовка, но имаме тајна состојка за успех! Тоа е хемијата која постои помеѓу нас, нешто што овој тим го прави да се однесува и делува како фамилија.

Што е планот за Светското финале во октомври во Њујорк? 

Tино: Нашата примарна цел е да ја претставиме Македонија во најдобро можно светло на Светското во Њујорк и да направиме уште едно чудо, овојпат на глобално ниво. Дефинитивно сонот на секој од нас! 

Наша задача е да им посакаме многу среќа на дечките од Butel 3x3 на нивниот настап на Светското финале на Red Bull Half Court во Њујорк, кое ќе се случи во октомври 2024 година. 

За сите дополнителни информации поврзани со Butel 3x3 и турнирот Red Bull Half Court, следете ја официјалната страна на Red Bull Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“