16 Јули, 2024
0.0253

ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул

Првиот лет од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул на кој сообраќа авиокомпанијата AJet пристигна на Меѓународниот Аеродром Скопје

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Меѓународниот Aеродром Скопје, денес, 13-ти јули, во 13:00 часот, ги пречека патниците од првиот лет на AJet, турска нискобуџетна авиокомпанија, подружница на Turkish Airlines, која сообраќа на домашни летови и меѓународни летови до Северен Кипар, Западна Европа и Западна Азија од нејзината база на Меѓународниот Аеродром Сабиха Гокчен.  

Воведувањето на оваа нова редовна авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје што го поврзува Скопје со Истанбул, на која лета AJet, е значајна пресвртница во стратегијата за проширување на AJet, по преземањето и започнувањето со операции од скопскиот аеродром до Бодрум и Анталија, во јуни, со што се зајакнува поврзаноста меѓу Турција и Северна Македонија. Покрај тоа, оваа авиолинија ги подобрува можностите за патување меѓу Скопје и Истанбул.  

„Како аеродромски оператор, во ТАВ Аеродроми сме среќни што го означуваме и одбележуваме почетокот на операциите и воведувањето на авиолинијата на AJet на релација меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул. Покрај проширувањето на портфолиото на мрежи и авиокомпании на скопскиот аеродром, оваа нова можност за патување, односно оваа нова редовна авиолинија, исто така ја збогатува и нашата понуда за патниците кои бараат удобни конекции меѓу Скопје и Истанбул.– изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.  

Патниците од Скопје сега ќе имаат уште една опција и можност за посета на Истанбул, живописната метропола која се протега на два континента, Европа и Азија, а поделена со Босфорскиот теснец, додека Скопје со задоволство ќе ги пречека гостите од Турција и ќе им понуди на посетителите патување богато со историја и минато, додека истовремено ја  искусуваат неговата сегашност.  

„Горди сме и возбудени да го најавиме воведувањето на нашиот нов директен лет од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул до Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа нова авиолинија не само што ги зајакнува врските меѓу нашите две земји, туку и ја поддржува нашата цел да им понудиме повеќе опции за патување на нашите патници. Во AJet, остануваме посветени на обезбедување прифатлива услуга и постојано подобрување на патничкото искуство за нашите клиенти.“ – изјави Керем Сарп, главен извршен директор на AJet.

Ajet ќе сообраќа на оваа редовна авиолинија од скопскиот аеродром со 4 неделни фреквенции, или секој понеделник, четврток, сабота и недела. Времето на поаѓање од аеродромот Сабиха Гокчен е во 11:30 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 13:00 часот, додека поаѓањето од Меѓународниот Аеродром Скопје е во 14:00 часот, а времето на пристигнување на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул е во 15:30 часот.(*Сите дадени времиња се по локално време во Скопје.)

Авиобилетите се во продажба на веб сајтот на AJet.  За резервација на авиобилети и за повеќе информации за летовите на AJet, посетете го официјалниот веб сајт на AJet.  

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, ја заврши првата половина од 2024 година, или периодот од јануари до јуни со вкупно 1.458.299 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, што означува пораст од 9% споредено со истиот период во 2023 година. Во однос на бројот на летови, во 6-те месеци од 2024 година реализирани се 11.843 летови, или 15%повеќе од 2023.    

Можеби ќе ве интересира

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Спонзорство на Новоматик за ФК Вардар вистински пример за општествена одговорност, ќе го следат ли и други?

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА ТУРНИР ЗА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА 2win.мк

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

А1 Македонија со најсовремени решенија за заштита од малициозен софтвер и хакерски напади

Патот до титулата: Како Butel 3x3 стана национален Red Bull Half Court победник?

Патот до титулата: Како Butel 3x3 стана национален Red Bull Half Court победник?

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“

„Во пресрет на големиот настан по повод стогодишнината од Прилепска Пиварница“