20 Април, 2024
0.0251

Оскаровката за прв пат е бремена на 48 години: Го воодушеви светот со реакцијата - „Ова го чекав долго време, доаѓаат две бебиња“

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Хилари Свонк ја објави среќната вест во емисија и не ја крие среќата што наскоро ќе стане мајка за прв пат – откри дека носи близнаци!

Актерката Хилари Свонк и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци, а славната оскаровка ја потврди среќната вест во емисијата „Goog Morning America“.

Холивудската ѕвезда, која во јули наполни 48 години, за прв пат ќе стане мајка и не ја крие возбудата и среќата поради тоа.


„Ова е нешто што го чекав многу долго, а тоа е следното нешто - дека ќе станам мајка. Не само едно бебе, туку две! Да... Не ми се верува “, возбудено изјави Хилари во емисијата.

„Моментално се чувствувам одлично, само облеката ми стана тесна. Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е", изјави актерката која со Филип е во брак од 2018 година, а се венчаа по две години врска.


Фото и Видео: Твитер

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган