27 Јули, 2024
0.0334

Ослободени црногорските татко и ќерка обвинети за шверц на 1,2 тони кокаин со банани

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Таткото и ќерката од Црна Гора кои се бават со бизнис со банани, Будимир и Марина Крстовиќ, денеска пред Вишиот суд во Подгорица беа ослободени од обвиненијата за шверц на 1,2 тони кокаин.

Притворот им е прекинат и веднаш ќе бидат ослободени. Судијката Весна Ковачевиќ рече дека нема докази дека набавиле кокаин.

Таа рече дека единственото нешто што е сигурно е дека пораката меѓу Марина и сопственикот на еквадорската компанија Карлос Фалкези за бананите е погрешно преведена и дека пораката се однесува на квалитетот на бананите и цената, а не на квалитетот на кокаинот.

Адвокатот Драгољуб Ѓукановиќ рече дека Крстовиќ биле во притвор повеќе од 15 месеци и дека не бил потребен ниту ден за да се спроведе соодветна истрага.

Во судницата ослободителната пресуда за Крстовиќ беше проследена со аплауз и гласно одобрување. Будимир Крстовиќ му се заблагодари на судијата по објавувањето на пресудата.

Вишото државно обвинителство поднесе обвинителен акт против Крстовиќ на 23 декември минатата година.

Будимир и Марина Крстовиќ беа уапсени откако полицијата на 24 август 2021 година пронашла и запленила повеќе од еден тон кокаин во селото Мојановиќи, во близина на Подгорица. За време на судењето тие ја негираа вината.

Во нивниот склад во селото Мојановиќи кај Подгорица пристигнал товар со дрога во вредност од 100 милиони евра, а Марина на рочиштето, според црногорските медиуми, изјавила дека нарачала банани од добавувач со кој соработувале за години.

Марина и Будимир биле приведени кога во нивниот склад бил пронајден товар со кокаин. Иако таткото и ќерката Будимир (66) и Марина Крстовиќ (27) се осомничени за оваа нелегална трговија со дрога, која била скриена во пратка со банани и чија вредност се проценува на повеќе од сто милиони евра, нарачателите на бизнисот допрва треба да се открие..

По нивното апсење, црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ рече:

– Не можам да откријам детали од операцијата, но можам да кажам дека овде целта е да се стигне до главните, до врвот на пирамидата и очекувам дека ќе се постигне овој резултат. Не станува збор само за трговија со дрога или цигари, туку и за убиствата што се случија во претходниот период. Подготвен сум да се жртвувам за да постигнеме резултати – изјавил Абазовиќ за еден црногорски медиум.

Да потсетиме, Будимир Крстовиќ со семејството живее во Белград веќе 30 години. Тој е најголемиот увозник на банани во регионот. Семејството Крстовиќ има голем фрижидер на имотот во Зета и во Стара Пазова. На секои 15 до 20 дена од Јужна Америка пристигнуваат контејнери со неколку десетици килограми јужно овошје, главно банани.


Можеби ќе ве интересира

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“