Османи во економска „офанзива“ во Дубаи, а Емирати ќе инвестираат две милијарди во Албанија

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021 07:18
Има потенцијал за соработка, развој и подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Обединетите арапски емирати, извести и лично министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше таму во официјална посета. Од земјата која е голем инвеститор сепак не стаса најава за конкретна инвестиција. Додека се чека на извесен влез на капитал оттаму, а во услови кога странските инвестиции стагнираат особено во време на пандемија на коронавирусот, во регионот сепак тоа не е случај. Ниту кога ОЕА е во прашање. Имено албанската Влада и Обединетите арапски емирати склучија договор за трансформација на пристаништето во Драч во туристичка област за патување и за јахти вреден две милијарди долари.
Проектот предвидува и низа трансформациски инвестиции, долж целиот периметар пред пристаништето. Непосредно пред да замине од Тирана, Мухамед Ел Алабар, претседател на групата ЕМААЕ со седиште во ОАЕ во интервју за Топ Ченел изјави дека верува оти тоа е добра основа и за идната соработка межу двете земји.
„Во Драч, ќе се користат најнапредните методи за инженерство и дизајн во тоа време. Ќе се градат апартмани, хотели, трговски центри и објекти за забава. Ова не може да се направи без да се има првокласна инфраструктура, па затоа мора да се размислува за тоа како се реконструираат патиштата, парковите и просторот за луѓето да го живеат својот живот најдобро, рече тој.
Инаку Османи беше во дводневна посета на ОАЕ. Тој вчера се сретна со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија Ахмед Али Ал Сајег како со извршниот директор на Меѓународниот центар за спротивставување нанасилниот екстремизам и радикализам Хедаја, Ахмед Ал Касими.
По средбата со Ахмед Али Ал Сајег Османи напиша на фејсбук дека економската дипломатија е многу важна.
„Економската дипломатија е важен фактор за промоција и поврзување на можностите на две земји. Со државниот министер за економска диверзификација и економска дипломатија, Ахмед Али Ал Сајег, се согласивме дека постои голем потенцијал за соработка, развој и подобрување на трговската размена помеѓу Северна Македонија и ОАЕ, објави министерот.
Потоа со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, Шеик Абдулах Бин Зајед Ал Нахјан Османи го потпиша договорот за заштита на инвестициите. Ова е прва посета на ниво на министер за надворешни работи во последните 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји.
Завчера, на првиот ден од посетата на ОАЕ, Османи престојуваше во Дубаи, каде се сретна со државната министерка за меѓународна соработка Реим бинт Ебрахим Ал Хашеми, која е одговорна за меѓународна, развојна и техничка помош и е главен управен директор на „ЕКСПО 2020 Дубаи”.
Како што соопшти МНР, централна тема на средбата била учеството на Северна Македонија на „ЕКСПО 2020 Дубаи”, а Османи упатил и благодарност за помошта на ОАЕ за справување со пандемијата Ковид-19, што беше доделена на нашето Министерство за здравство во текот на месец ноември минатата година.
Османи имал средба и со министерот за надворешна трговија Тани Ахмед Ал Зејуди, со кого како што соопштија се разговарало за продлабочување на економската соработка и зголемување на трговската размена. Најголем интерес имало во сферата на трговијата, инвестициите и туризмот.
A.T.Можеби ќе ве интересира
ИАКО ИМАШЕ МАНДАТ ОД ЧЕТИРИ ГОДИНИ, ДИРЕКТОРОТ СИ ЗАМИНУВА ПО ДВЕ - зошто поднесе оставка Марио Милер од „Краш“

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ, ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И КОМЈУТЕРИТЕ ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ ОД ЦАРИНИТЕ - ќе влезат и другите електронски уреди

ЗОШТО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕМА ДА ГО ПРИСИЛАТ APPLE НА ПРОИЗВОДСТВО НА IPHONE ВО САД - дали одговорот веќе стигна од американската администрација

КОЈА КОМПАНИЈА СЕ БЛИЖИ ДА СТАНЕ ТРЕТИОТ ЕДНОРОГ ВО РЕГИОНОТ - после Инфобип и Римац, Ominimo Insurance од Србија постигна вредност од 200 милиони евра за една година

КУЌА ОД 90 КВАДРАТИ НА ХАЛКИДИКИ ПОЕВТИНА ОД СТАН ВО БЕЛГРАД - еве која е цената и каква е локацијата

ЗОШТО ТРИЧЛЕНА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА - Апасиев вели дека според последниот попис, повеќе од половина од семејствата во земјава се четиричлени

СТАПИЈА НА СИЛА УШТЕ ЕДНИ ЦАРИНИ - како дојде до ескалација на трговската војна меѓу САД и Кина

СЕ ПОБУНИЈА ХРВАТСКИТЕ ГАЗДИ: Силниот и агресивен раст на минималната плата ни претставува сериозен товар

АНАЛИТИЧАР: Неколку шефови на фондови тивко стравуваат дека Трамп можеби нема тарифен план, и се прашуваат дали „можеби е луд“
