Основањето фирма ќе биде бесплатно, сметководителите ќе добијат нови надлежности
Објавено во: Економија 12 Мај, 2013 20:46
Се поедноставуваат постапките за основање фирма во Централниот регистар на Република Македонија. Поевтинуваат или се укинуваат и трошоците на оние кои сакаат да основаат фирма доколку се изведе на начин кој се пропишува со новата реформа што ја усвои Владата на последната седница, а кои измени се веќе доставени и во Собрание.
Претходно фирма се основаше и впишуваше во Централниот регистар по електронски пат, па во хартиена форма, односно со достава на документи на шалтер во Централен регистар или во неговите подружници. Со новата реформа, се дава можност субјектот кој сака да основа фирма тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти.„Очекуваме дека со оваа реформа Република Македонија ќе оствари нов позитивен чекор во делот на оценката за бизнис климата и деловното опкружување, и дека ќе се остварат позитивни ефекти и за субјектите кои сакаат да основаат фирма, ќе се зголеми бројот на електронско основање на фирма и електронско постапување во сферата на бизнисот и дека ќе се остварат и повеќе позитивни ефекти во поглед на работата на дејноста на сметководителите“, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој ги најави измените.
Согласно новините, регистрационен агент може да биде субјект кој ќе поднесе барање до Централниот регистар за добивање овластување за вршење ваква дејност. Тој треба да ги исполнува следните услови: да е регистрирано како трговец поединец или трговско друштво, да има вработено лица со уверение за сметководител, да исполнува одредени техничко-технолошки услови и опрема соодветни за остварување на овластувањето и личен квалификуван дигитален сертификат, согласно Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис.
Реформата, посочи Ѓорѓиев, е направена така што може регистрациони агенти да бидат сметководителските друштва, односно секој субјект(сметководител), кој има добиено лиценца за вршење на дејноста.„Со оваа реформа се остваруваат повеќе цели: субјектите кои ќе се решат да основаат и регистрираат фирма на овој начин, преку сметководител кој е регистрационен агент, тоа ќе го направат без трошок, се поедноставува постапката и со новата реформа за основање и регистрација на фирма потребен е само еден чекор и се надминува територијалниот јаз на можноста за основање на фирма, односно се врши децентрализација на можноста“, истакна владиниот портпарол.
На овој начин , вели Ѓорѓиев, наместо само во 10 подружници колку што има Централниот регистар, поднесок за отворање фирма ќе може да се достави од билио кое место каде што има сметководител-регистрационен агент.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




