Останува обврската да се носат маски на отворено, за една до две недели ќе се размислува за попуштање на таа мерка
Објавено во: Македонија 10 Мај, 2021
На прашањето до министерот за здравство, Венко Филипче, дали ќе се размислува за да се тргне обврската за носење на маски на отворено, особено кај ревакцинираните лица, министерот рече дека Комисијата за заразни болести смета дека се уште е рано за таква препорака.
„Ние утрово разговаравме на Комисијата за заразни болести. Но, препораките треба да се почитуваат и натаму. Викендов бевме сведоци дека огромен број на граѓани, веројатно и заради тоа што е топло времето, веќе маските не ги носат. Сеуште сметаме дека е рано да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено. Така што, како ќе се зголемува бројот на вакцинирани, и како што се намалуваат бројките на новозаразени, тенденција која се надевам дека ќе продолжи, веројатно и тоа ќе дојде како мерка која што ќе се попушти. Односно, следен чекор би бил, а сега е навистина рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските согласно со оние препораки кои што важеа претходно, односно само во група надвор, односно кога е граѓанинот сам или се движи, да не ја носи маската. Но, ќе повторам, засега е рано, а тоа ќе биде нешто следно за што ќе разговараме. Утрово иниоциравме дискусија и заклучлокот е дека треба да почекаме уште недела или две“, рече министерот Филипче.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.