Оставка си поднеле 53 члена на ЦК на “СИРИЗА”
Објавено во: Балкан 27 Август, 2015 09:44
Оставка од централниот комитет на "СИРИЗА" поднеле 53 члена на партијата, пренесоа агенциите.
"Како членови на централниот комитет не можеме да го прифатиме новиот договор со меѓународните кредитори, како што нема да ги прифатиме сите останати. Ова ќе нанесе финален удар по и без тоа економски ослабеното грчко општество ", пишува во заедничка изјава на членовите кои ја напуштаат партијата.
Политиколози сметаат дека поголемиот дел од нив ќе влезат во партија "лаик енотита" (Национално единство), формирана на 21 август од 25 пратеници од "СИРИЗА". Новото движење беше формирано од внатрепартиските противници на својот поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




