29 Септември, 2024
0.0238

ОСТРА КОНКУРЕНЦИЈА: Нафтените компании се збогуваат со големите профити!

Објавено во: Анализа 28 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Во првите шест месеци од годината рафинеријата Окта е во загуба од 5,5 милиони евра (338 907 000 денари). Според податоците од неревидираниот шестмесечен извештај загубата на Окта изнесува 5,5 милиони евра и на исто ниво како и претходната година истиот период. Сепак, во „Окта“ објаснуваат дека годинава имаат подобри резултати во однос на минатата година и дека минусот во финансиските извештаи се должи на комплетирање на Програмата за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини, која достигнува вкупна вредност од 224 милиони денари или околу 3,6 милиони евра.
тука прочитајте Приходите на „Макпетрол“ на домашен пазар паднаа за 8 милиони евра!
Рафинеријата во првата половина од годинава бележи пад на вкупните приходи за 22% во однос на истиот период од претходната година. Односно вкупните приходи годинава во првите шест месеци изнесуваат  161 милион евра, додека лани во истиот шестемесечен период изнесувале 208 милиони евра.
тука прочитајте И „ОИЛКО“ во загуба!
При тоа пад на приходите е регистриран и кај продажбата на домашниот и на странскиот пазар. Или во првите шест месеци приходите од домашниот пазар изнесуваат 126 милиони евра, што е намалување за 21% во однос на претходната година истиот период. Додека приходите од странскиот пазар изнесуваат 35,8 милиони евра, што е намалување за 26% во однос на претходната година во истиот период. Вториот квартал подобар од првиот Од менаџментот во објаснувањето на финансискиот извештај наведуваат дека сепак, вториот квартал од годинава имашеподобри финансиски резултати во однос на првиот квартал од годината. „Оперативниот профит во вториот квартал на 2014 е подобрен во споредба со првиот квартал, пред се поради зголемениoт волумен и маржа на домашниот пазар, како и пониски оперативни трошоци. Истовремено, извозот се стабилизираше во вториот квартал на повисоко ниво во споредба со првиот квартал од 2014 година, и покрај поинтензивната конкуренција на косовскиот пазар. Како резултат на горенаведеното, прилагодената ЕБИТДА се зголеми на 74 милиони денари во вториот квартал на 2014, четири пати повисока отколку истиот период изминатата година. Ликвидноста на ОКТА на крајот на вториот квартал од 2014 значително е подобрена, со расположливи средства кои ги надминуваат позајмиците за 128 милиони денари. За време на вториот квартал од 2014 компанијата скоро ја комплетираше, со голем успех, Програмата за престанок на работниот однос на вработените од деловни причини, која достигнува вкупна вредност од 224 милиони денари“, се наведува во објаснувањето на менаџментот на рафинеријата. Промени во сопственикчката структура Инаку, минатата година имаше промени во сопственичката структура на Рафинеријата Окта. Па така на крајот на годината, грчки ЕЛ.П.ЕТ Балканики С.А (компанија заеднички контролирана од Хеленик Петролеум – 63% и конзорциум на банки АПЕ – 37%) поседува 81, 51% од вкупниот акционерски капитал. Односно има вкупно 689.875 акции. Додека Пуцко Петрол Увоз-Извоз  ДОО Македонски Брод поседува 10,87% од вкупниот акционерски капитал односно 91.965 акции. Останатите, 7,6 % од акциите, или вкупно 64.520 акции припаќаат на акционери кои индивидуално се сопственици на помалку од 0,4% од акционерскиот капитал. Жестока конкуренција Во извештајот што пред четири месеци беше објавен од страна на независната ревизорска куќа Прајсвотерхаус, а кој се однесува на финансиската состојба за 2013 година – наведено е дека менаџментот на Окта ја оцени ланската година, како година со многу предизвици. Како еден од факторите што влијаеше негативно на комерцијалниот учинок беше дополнителното зголемување на опортуниситичката конкуренција. „Увозот на нафтените деривати беше целосно либерзализиран уште во 2011 година, што овозможи многу лесно да се добие дозвола за увоз на нафтени деривати, со минимални барања за капацитет на  складирање, минимални безбедносни барања и ограничена контрола на увозот, истовремено и во однос на квалитетот и квантитетот. Ова резултираше со жестока конкурентска цена на локалниот големопродажен пазари создаде конкурентска неповолност за Окта, која одржуваше значителен капацитет на залихи за да обезбеди непрекинато снабдување на нејзините коминтетнти, и да е целосно и постојано во согласност со најстрогите спецификации и стандарди, напишаа во извешатјот на ланското работење.“ Како значаен фактор за работењето на Окта беше посочен и зголемената конкуренција на снабдувањето на пазарот на Косово, која доаѓа од Србија и Албанија. Подобрувањето на логистичката инфраструктура во Албанија и отстранувањето на административните бариери со Србија, резултираше со намалување на трошоците за донесување на нафтените деривати од овие дестинации на пазарот на Косово. С.Н.