Осум лица одат во притвор за случајот „Двојник“
Објавено во: Македонија 07 Април, 2021
Одреден e притвор за осум лица во случајот „Двојник“.
Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје вечерва го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одредил мерка притвор за осум лица осомничени за издавање на лажни пасоши во случајот „Двојник“. Мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство. Се работи за мрежа за фалсификување на документи.
Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во денешниот „Утрински брифинг“, коментирајќи ја аферата „Мафија“, вели дека деветмината полициски службеници кои вчера беа уапсени во меѓународна акција, пасошите со лажен идентитет за наркобосовите ги издавале за пари.
Според Спасовски, еден таков пасош може да се наплати и 20.000 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.