02 Мај, 2024
0.0284

Осум земји на кои им се заканува дефлација, сите во Европа!

Објавено во: Анализа 09 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Дефлацијата оваа година ќе погоди осум земји во светот, од кои сите се во Европа, оценува американската новинска агеницја Блумберг.

Дефлацијата во изминатата година им се закани на бројни земји, а таа закана никаде не била поголема во споредба со европските држави „гладни“ за економски раст, наведува агенцијата.

До пред само неколку недели, економистите кои учествуваа во анкетата на Блумберг веруваа дека 2015 година ќе биде прва година од 2008 во која ниту една земја нема да забележи годишна дефлација.

Меѓутоа, после месец одбележан со понатамошен колапс на цените на нафтата, победата на Сириза на изборите во Грција и разочарувачките податоци за цените во европската монетарна унија, економистите се песимистични.

Во шест од осум земји во кои се очекува дефлација, Бугарија, Хрватска, Грција, Полска, Шпанија и Шведска, цените се во пад од половината на минатата година. Уште две земји во кои цените ќе паднат се Италија и Швајцарија.

Во Белгија, Естонија, Германија и на Тајланд не се очекува дефлација на квартално и годишно ниво, иако и тие земји во јануари забележале пад на цените.

Швајцарија ќе ја пристигне Бугарија и ќе стане земја со највисок пад на цените, пишува Блумберг. Големиот извозник на часовници и фармацевтски производи веќе ќе се бори со нултниот раст на цените, а инфлацијата минатата година во Швајцарија изнесуваше само 0,2 одсто.

Швајцарската централна банка во јануари ги изненади пазарите укинувајќи го тригодишното ограничување на вредноста на франакот, што според извештајот на Дојче банка, би можело да доведе до пад на цените од дури 1,5 одсто во 2015.

Според проценката на Блумберг за Италија и еврозоната во целина, дефлацијата ќе биде само привремена категорија, а не долгорочен проблем. Во Италија цените во првиот овогодишен квартал ќе паднат 0,1 одсто, а во еврозоната 0,2 одсто, но до крајот на годината се очекува нивен раст. Европската комисија, од друга страна, смета дека Италија и еврозоната ќе забележат дефлација во 2015.

Во опасност од дефлација и САД, најголемата светска економија, за која „Банката на Америка Мерил Линч“ прогнозира пад на цените од 0,5 одсто во 2015 иако бројни експерти, вклучувајќи ги економистите кои учествувале во анкетата на Блумберг, веруваат дека САД ќе се избори со дефлацијата.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад