Освен донирани вакцини, од Бугарија пристигнува и многу поевтин гас
Објавено во: Економија 25 Декември, 2020
Од Бугарија пристигнува поевтин природен гас дури и до 40 отсто за големите потрошувачи во Македонија, но не како резултат на одлука, туку поради отворањето на соседот на пазараните прилики како транзитна земја со која сме единствено поврзани.
Убедливо најголемиот потрошувач на природен гас во Македонија, топланата АД ТЕ-ТО, во својот берзански извештај соопшти дека склучила договор за купување на 40 отсто помала цена на природен гас од кој ќе произведува стуја и топлинска енергија. Договорот е склучен со бугарската филијала на руски Газпром и германски Винтершел.
„Потпишан е договор за набавка на гас за 4 квартал 2020 г. и 1 квартал 2021 г. со WIEE Bulgaria со
далеку подобри услови од досега заради новите регионални случувања и демонополизација на
пазарот на природен гас и се надеваме дека ќе продолжи ваквиот поволен тренд. Имено, Бугарија го
напушти моделот на цена на гасот базирана на берзанските цени на нафтата и сега цената е на ниво
на европските берзи односно 40% пониска. Бугарија отвори и пушти во функција балканска
регионална берза.
Конечно ТЕ-ТО АД доби ниски цени на природен гас соодветни на физибилити студијата
почнувајќи од Q4 2020 и Друштвото стана рентабилна компанија која е способна да го реализира
Планот за реорганизација и подмири обврските кон доверителите и Државата“, објави АД ТЕ-ТО.
Следејќи ги тековните случувања, најголемиот трговец со природен гас во Македонија, АД Макпетрол, уште летоска објави дека се намалува и набавната цена на енергенсот што значи дека компаниите кои користат гас за својата работа ќе имаат понизок трошок, а ќе се намали и малопродажната цена на метанот. Од оваа компанија веќе известија дека набавната цена на природниот гас била намалена за 48 долари, а во текот на оваа година очекувањата беа дека таа уште повеќе ќе се намали и дека тоа позитивно ќе влијае на малопродажната цена.
„Макпетрол“ прв инвестираше во изградбата на Гасоводот во Македонија што се протега од бугарската граница до Скопје, со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, како во станицата за компримиран природен гас во кругот на ЈСП Скопје што служи за полнење на автобусите.
- Либерализацијата на пазарот на природен гас како и диверзификација и достапноста до други извори на природен гас доведува до намалување на цената. Во Бугарија и Грција тоа се случува во изминатата година. Кај нас тоа ќе се случи во текот на 2021 година по создавањето на услови за достапност и капацитет до трети страни на пазарот за природен гас.
Во изминатите 23 години само Газпром (и Газпром маркетинг и трејдинг) беше компанијата која можеше да доставува гас до МК. Очекувањата се дека во првите шест месеци ќе се овозможи достап на природен гас и од други извори со што ќе се почуствува вистинската либерализација на пазарот, вели Митко Андреевски, експерт за трговија со природен гас.
Очекувањата на стручњаците е дека фер-намалување треба да добијат и крајните корисници, а таквото мислење го дели и Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. РЕК сега прави нови пресметки за малопродажната цена која ќе ја регулира- Тоа е точно, а се должи на отворањето на Балкан Хаб во Бугарија. Ние до сега требаше да извршиме промена на правилата за регулирање на цената според новите прилики, но поради корона-кризата не се одржаа предвидените средби. Претстои состанок со дистрибутерот „Булгаргаз“ за правилата околу прекуграничниот преносен систем и очекувам тоа да биде готово на почетокот од следната година, ни изјави Бислимовски.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред неколку дена изјави дека намалувањето на цената за пренос на гас ќе го намали трошокот за индустријата, но и за топланите што пак би ја намалило цената за топлинската енергија, за која цените ќе се формираат во јуни следната година. Тоа според Бислимовски е влог и во засилена гасификација на државата.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.