Освен референдум за струјата и парното, АМАН најавува и посилни протести!
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2013
Ако пратениците им свртат грб на 13 илјади граѓани што ставија потпис на инцијативата “Аман – доста е “ - следен чекор би бил Референдум. Оваa можност за “Фактор“ ја најавуваат организаторите на иницијативата откако според нив , станува извесно дека пратениците нема да ги подржат предложените измени на Законот за енергетика.
“Штом законодавната комисија ја одби инцијативата, очекуваме дека тоа ќе се случи и со Комисијата за економски прашања. Останува да видиме што ќе се случи на пленарната седница. Во очекување дека нема да има позитивен епилог, ни остануваат на располагање два механизми. Да продолжиме со протестите и да покренеме инцијатива за распишување на Референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали се согласуваат со сегашниот начин и модел на пресметка на струјата и на парното греење“ - вели Александар Гочев од “Аман“.
Пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на АМАН со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, дополнително, тоа ќе придонесе до зголемување на увозот на скапа струја, а со самото тоа ќе има и поскапување на електричната енергија. На комисиската расправа во прво читање, пратениците од албанска националност, ја поддржале иницијативата, додека останатите гласале против. Заменик-министерот за економија Христијан Делев, на седницата на комисијата, објасни дека Македонија е потписничка на Договорот за енергетска заедница и не може да преземе еднострани чекори оти во него е одреден начинот на наплата на струјата на заедничкиот европски пазар.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.