Отфрлен договорот за Буџетот на ЕУ
Објавено во: Свет 13 Март, 2013 13:30
Со големо мнозинство Европскиот парламент на денешното гласање ја усвои Резлуцијата, подготвена од парламентарните групи на Народните парти, Социјалистите и демократите, Либералите, Зелените и Обединетатат левица, со која се дефинира позицијата на ова тело во однос на долгорочниот Буџет на ЕУ за периодот 2014-2020 година.
„За“ резолуцијата гласаа 506 европратеници, 161 беа „против“, а 23 „воздржани“.
Европратениците сметаат дека договорот не е добар и дека разликата од околу 60 милијарди евра меѓу предвидените трошоци и приходи е неприфатлива, бидејќи Европската унија не може да функционира со дефицит.
Во усвоената резолуција се бара поголема флексибилност на Буџетот и оптимална распределба на средствата. Европратениците бараат повеќегодишниот буџет повторно да се разгледува на половината од периодот, со цел новиот состав на ЕП по изборите во 2014 година да има можност да влијае врз буџетот на ЕУ.
На крајот европратениците бараат Европската Унија да се стекне со свои сопствени извори на финансирање. Истовремено ЕП сака сите трошоци на ЕУ да бидат финансирани од буџетот, а не одвоено.
За да биде прифатен Договорот за буџетот на ЕУ мора да биде одбрен и од Европскиот парламент, кој изразува загриженоста поради се поголемиот проблем со недоволната висина на кредитите.
Ирската министерка за европски прашања Лусинда Крејтон, чија земја претседава со ЕУ, истакна дека се мали шансите за постигнување договор меѓу Европскиот совет и ЕП, околу флексибилноста на буџетот и ревизијата на половина период.
- Советот оценува дека во февруари даде солиден резултат и дека се достигнати границите на можното во таа прилика, рече Крејтон.
Во отсуството на договор меѓу ЕП и Европскиот совет до почетокот на 2014 година, плафонот на повеќегодишната финансиска рамка на буџетот во 2013 година ќе биде прилагоден согласно инфлацијата.
Можеби ќе ве интересира
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците




