15 Декември, 2025
0.1623

Отфрлена кривичната пријава за екс-министерката Нина Ангеловска за „Еуростандард“

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Кривичната пријава е отфрлена и Основното јавно обвинителство нема да постапува понатаму за случајот за поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска во врска со повлекувањето на своите депозити од пропаднатата „Еуростандард банка“.

- Постапувајќи по насоките на Вишото јавно обвинителство Скопје, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ги презеде сите дополнителни дејствија со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука во предметот за кој покажувате интерес. Потоа повторно беше донесено решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи во пријавените дела не беа утврдени елементи на кривични дела кои се гонат по службена должност. Вишото јавно обвинителство го потврди донесеното решение и тоа е правосилно, гласи одговорот од ОЈО кој го доби „Фактор“.

Левица на крајот на 2020 до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против eкс министерката за финансии, Нина Ангеловска за Еуростандард банка, бидејќи додека била на функција, според партијата, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит од 250.000 евра. 

Тоа се случи непосредно пред банката да пропадне, со што таа наводно ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители.

Кривичната пријава на Левица беше првично отфрлена од страна на Основното обвинителство, но во текот на летото 2021 Вишото обвинителство ја прифати поднесената жалба и ја врати кривичната пријава.
Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно своите законски надлежности, по увидот во жалбата и списите од предметот донесе Решение со кое жалбата ја уважи и го задолжи Основното јавно обвинителство Скопје да ја продолжи постапката со цел утврдување на сите неопходни факти и донесување соодветна јавнообвинителска одлука која ќе произлезе од утврдените факти и докази.

Антикорупциската комисија во август 2020 отвори предмет не не покрена барање за  санкција против министерката за финансии Нина Ангеловска откако го разгледале предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и нејзиниот депозит во банката. 

Беше препорачано да се доуредат прописите, посебно меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Министерството за финансии и останатите регулаторни тела, со тоа што ќе се додадат уредби со кои ќе се регулира судирот на интерес.

Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август 2020, по што беше отворен стечај за банката. На 16 август, министерката Ангеловска кажа дека во два наврати извадила пари од Еуростандард банка, првиот пат да инвестира во инвестициски фонд, а вториот пат да си купи стан, бидејќи, како што кажа таа, живеела под кирија.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден