„Отидоа“ три четвртини од планираното задолжување за годинава
Објавено во: Економија 28 Август, 2018 07:30
Капиталните инвестиции се стандарно ниски, но помалото трошење предизвика и помала реализација на вкупните расходи планирани за годинава. Министерството за финансии ги објави податоците за реализацијата на буџетот заклучно со јули годинава (за седум месеци).
Според податоците, за овие месеци потрошени се само нешто над пет милијарди денари за капитални инвестиции што е само 21,3 отсто од вкупните капитални трошења кои биле предвидени за годинава. Ова за оваа година практично веќе не е новина оти слабата реализација на капиталните инвестиции се провелекува низ месеците од стартот на годината. Судејќи по податоците сега, се докажува дека нема никакви можности да се постигне проектираната сума. Докрајот на годината има уште пет месеци, а не се потрошени ниту четвртина од парите. Засега нема најава за ребаланс на буџетот, а од Министерството за финансии упорно тврдат дека нема потреба за тоа оти имало добра наплата на приходите.
Инаку според јулските податоци, буџетскиот дефицит до седмиот месец изнесува 7,5 милијарди денари или е реализиран нешто над 41 отсто од планираниот за годинава.
Но наспроти капиталните инвестиции задолжувањето и раздолжувањето значително го пробиле планот. Реализацијата на задолжувањето до крајот на јули е 75 отсто од планот или три четвртини од вкупната проекција за годинава. Впрочем вкупното задолжување за финансирање на буџетскиот дефицит годинава требало да биде 40,9 милијарди денари, а до јули се задолжени 30, 3 милијарди денари што е всушност 75 отсто од планираното.
До крајот на јули пак раздолжена е сета сума која била планирана за годинава, па и малку над тоа. Имено раздолжени се 22,8 милијарди денари, а биле планирани 22,7 милијарди денари.
До јули државата собрала помалку од 55 отсто од планираните приходи, а потрошила 54 отсто од проектираните расходи.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




