06 Декември, 2025
0.0389

Откази на работници во Мермерниот комбинат во Прилеп

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 18:14

Добивај вести на Viber

Во прилепскиот Мермерен комбинат се делат отказни решенија, информираа на денешната средба со новинарите претставници на прилепскиот регионален синдикален совет.

Според Лазар Ангелески, претседател на регионалниот синдикален совет, наместо продолжување на преговорите за Колективниот договор, поделени се 19 решенија за отказ.

- Отказ добија работници во рудникот Сивец, кранисти и други профили и оние во фабриката за преработка на мермерни плочи. Работниците се со по 30-ина години работен стаж, со намалена работна способност, но си имаа свое работно место кое не е укинато, а сепак останаа на улица. Не држат образложенијата дека е време на рецесија и е намален обемот на работа. Напротив ова е профитабилна фирма, вели Ангелески.

Синдикатот оценува дека тоа е начин да се ослободи компанијата од работниците на неопределено време. Од основната синдикална организација сметаат дека тоа е мобинг, по штрајкот од пред два месеца кога бараа зголемување на платите што не беше прифатено од грчкиот менаџер.

Доколку работниците не бидат вратени на работа, основната синдикална организација се заканува со радикални мерки и блокирање на патиштата кон комбинатот.

Мермерниот комбинат го тужи гранковиот синдикат на ССМ за нанесени штети од 1,5 милиони денари за четирите дена штрајк.  Комбинат со 400 вработени е во сопственост на холандско-англиски инвестициски фондови откако грчкиот сопственик ги продаде акциите на берза.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?