05 Декември, 2025
0.1622

Откази за пет илјади грчки државни службеници

Објавено во: Балкан 15 Март, 2013 09:59

Добивај вести на Viber

Повеќе од пет илјади државни службеници сака да отпушти грчката Влада до крајот на следната година, со цел да ја затвори најновата рунда преговори со тројката, пишува „Катимерини“.

Претставниците на меѓународната тројка кредитори, вчера си заминаа од Атина , сепак повторно ќе се вратат на почетокот на април.

- Идентификувавме голем број области во кои реформите, всушност, ги надминаа очекувањата и се одликуваат со значајни и трајни резултати. Генерално пораката е сосема позитивна, но се уште има уште многу да се направи, изјави портпролот на Европската комисија Сајмон О Конор.

Клучните прашања за кои Грција и нејзините кредитори треба допрва да се согласат се шемата за резерва на државни службеници, плаќање на долговите кон државата, вонредниот данок на имот и можниот фискален дефицит.

Грчката Влада според „Катимерини“е подготвена да понуди до крајот на следната година да отпушти пет илјади од 25 илјади државни службеници, кои годинава ќе се приклучат на шемата за мобилност.

Во однос на вонредниот данок на имот, кој беше воведен во 2011 година и се наплатува преку сметките за електрична енергија, грчката страна не била во можност да ја убеди тројката дека има подеднакво ефикасен метод за собирање на многу потребните приходи.

„Катимерини“ исто така дознава дека тројката изразила загриженост дека, врз основа на проекциите, фондовите за социјално осигурување на Грција годинава ќе соберат 500 милиони евра помалку придонеси, отколку што се очекуваше.

Владата, се уште врши притисок данокот на додадена вредност за рестораните да се намали од 23 на 13 проценти.

Обезбедувањето на следната рата од заемот во вредност од 2,8 милијарди евра е од суштинско значење за да се избегне нарушување на кредибилитетот на коалицијата.

Според О Конор исплатата повеќе зависи од исполнувањето на претходно поставените цели, отколку од завршување на преговорите со тројката.

Грчкиот премиерот Андонис Самарас вчера пристигна во Брисел на самит на лидери на ЕУ, од каде ја повика Унијата да се фокусира на раст и невработеноста.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии