ОТКРИЕНА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ КАДЕ ЌЕ НИКНЕ МАРКЕТ НА ЛИДЛ - еве во кој дел од Скопје се купени имоти, сопствениците имаат рок од уште 17 месеци
Објавено во: Економија 22 Март, 2023 08:10
Фактор со ново откритие околу германскиот синџир маркети Лидл. Нашите сознанија говорат дека таа компанија планира да гради маркет и во скопската населба Карпош, помеѓу двете клучки кај Момин Поток.
До овие информации дојдовме од дел од компаниите од кои Лидл веќе го откупил земјиштето, и им дал рок од 18 месеци да ја напуштат локацијата. Нашите извори велат дека еден месец оттогаш веќе е поминат, и дека преостануваат уште 17 месеци до моментот кога тие ќе треба да ги напуштат своите објекти, со цел Лидл да може таму да гради еден од своите маркети.
Тоа, според нашите пресметки, значи дека изградбата на тој маркет на Лидл би почнала најрано во август 2024 година, а би завршила веројатно не порано од 2025 година. Но, она што е факт е дека маркет на Лидл таму сигурно ќе се гради.
Нашите неофицијални информации до кои дојдовме говорат дека од германскиот синџир маркети веќе ги откупиле сите поголеми имоти на таа локација, односно и од некои од фирмите, и од граѓани, на сите давајќи им период од година и половина да се иселат, бидејќи потоа ќе започнат со градба.
Конкретно од наши извори откриваме дека преговорите со сопствениците на еден од тие објекти траеле цели седум месеци, иако немаме информации која цена била постигната за неговиот имот.
Информациите до кои дојдовме се и дека луѓе вработени или ангажирани од Лидл претходно со месеци мереле на различни локации во главниот град на земјава колку возила преку нив поминуваат, и нивните мерења покажале дека токму на тоа место е најголемата фреквенција на автомобили. Од тие причини и се решиле таму да никне еден од нивните најголеми маркети, и во кој очекуваат прилично значајна посетеност.
Инаку, оваа локација е токму онаа каква што и во светот ја одбира Лидл за изградба на свој маркет, и тоа во близина на клучка, со цел на потрошувачите кои таму доаѓаат со возила да им е олеснет пристапот до маркетот. До своите продажни места овој познат германски синџир маркети секогаш води сметка да има доволно простор за паркинг, кој е бесплатен за потрошувачите што доаѓаат да пазарат во тие маркети.
Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Лидл веќе ја купиле локацијата на објектот „Бриколаж“ од Скопски пазар, место каде што би никнал нивниот прв маркет.
Според нашите сознанија, веќе пораснал интересот за куќите на локацијата околу објектот на „Бриколаж“, од поединци или фирми кои знаат дека таму ќе влезе „Лидл“, па очекуваат дека можеби за нив би добиле подобра цена.
За своите бизнис планови, Лидл откако влезе во земјава, не сака да споделува информации со јавноста.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




